Помеѓу 2012 и 2016 година, мнозинството советници и пратеници во државата гласале закони и одлуки предложени од државните функционери кои што се однесуваат на урбанистичкото планирање, градењето и приватизирањето на јавната земја. Притоа, тие не воделе сметка за јавниот, туку за приватниот интерес на малкумина во земјата. Одлуките на овие луѓе имаат штетни последици врз квалитетот на животот на граѓаните и на животната средина. Промената на власта не донесе и промени во законите. По фијаското со Охрид и Унеско и масовната корупција во урбанизмот во главниот град под директна и непосредна закана е и Националниот парк Маврово.
Кога во август годинава фирмата „Фортонмка“ ќе почне да рекламира продажба на 150 станови во изградба во Маврово на Бистра, на само 100 метри од скијачките терени, новинарите на ИРЛ ќе се заинтересираат за процесите во кои што е добиена дозвола за изградба на станбен комплекс во срцето на Националниот парк.
Барајќи одговори преку интервјуа, теренска работа и пребарување на повеќе од 700 страници јавни документи обезбедени од институциите, откривме хаос и злоупотреби во управувањето со Националниот парк Маврово. Во име на профитот се оттуѓува земјата на граѓаните, се планираат идни градби до самиот езерски брег, па дури и во зашитетените букови шуми.
Дел од главните откритија на нашите новинари се:
- Објектот Маврово Резиденс 1 или првата зграда во Маврово на инвеститорот „АД Пелагонија Гостивар“ е изграден со дозвола за доградба на централен дел кој би поврзал два изградени крака од непостоечки хотел кој што требало да се гради во 1991 година
- Објектот Маврово Резиденс 2 на инвеститорот „Фортонмка“ е директна последица на лошите закони и му е овозможено со градежни дозволи за 10 куќи да направи зграда до ски терените.
- Градежната експанзија во Маврово допрва следува со планираните нови големи објекти на границите на заштитената зона. Маркички за градба имаат и парцелите над комплексите „Маврово Резиденс 1 и 2“.
[vision id=”1″]
ПРИКАЗНИ
ДОКУМЕНТИ
ИНВЕСТИТОР | ФОРТОН МКА ИНВЕСТ | ФОРТОН МКА | ПЕЛАГОНИЈА АД ГОСТИВАР |
ОБЈЕКТ | |||
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР | |||
КАТАСТАР | Солемнизација, | ||
ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ | |||
ВИДЕО
Ова е националниот парк Маврово. Најголемиот во земјата – со површина од 73,088 хектари. Лежи на пет планини, во две држави. Дом е на последниот балкански рис и на повеќе од 1,400 видови растенија и 150 видови животни. Тука течат едни од последните диви реки во Европа, а синото срце на паркот е Радика. Народна република Македонија како дел од Југославија јасно ги поставила своите приоритети уште во првите пет години по независноста. И во 1949 го прогласува за заштитено подрачје. Инфраструктирата се гради брзо плански и во хармонија со природата и биодиверзитетот. Но, ова е старата историја. Во новата влегуваме неподготвени за уште една нова бетонска траума на македонското национално и природно богатство
Проектен тим
Координатор: Сашка Цветковска
Репортери: Давид Илиески, Александра Денковска;
Дополнително известување: Дајана Лазаревска;
Сторителинг и редактура: Сашка Цветковска, Александра Денковска
Визуелизација: Елена Митревска Цуцковска, Лука Блажев, Давид Илиески
Видео: Давид Илиески, Трајче Антоновски, Влатко Владимиров
Забелешка за транспарентност и отчетност: Во текот на работењето на оваа приказна ИРЛ работеше со информации од јавен карактер и јавно достапни информации. Се соочивме со проблеми и половични одговори и документи од првично побараните во комуникацијата на општина Маврово и Ростуше. Гостиварскиот катастар одговори на предизвиците на редакцијата и покрај притисоците кои што ги имаа од лица на позиции на моќ во две политички партии.