Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни празнини, од пример…
ИРЛ
Токсиколошките анализи на Институтот за судска медицина потврдија присуство на водороден цијанид над граничната вредност кај дури 21 од вкупно 59 жртви во пожарот во клубот „Пулс“. Кај пет од нив се утврдени параметри што укажуваат на тешка интоксикација или смртен исход. Трагедијата однесе вкупно 63 животи. Известува: Александар Јанев Наодите до кои дојде ИРЛ се доставени како одговор на прашања до Основното јавно обвинителство на 24 февруари годинава, два…
На 16 март 2025 година, Македонија беше потресена од најсмртоносната трагедија во својата понова историја. Пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 луѓе. Размерите на трагедијата отворија итни прашања за одговорноста, институционалниот неуспех и корупцијата. Иако пожарот доминираше во јавниот фокус, официјалната истрага изостави клучни поединци чии пропусти му овозможиле на ноќниот клуб да функционира нелегално. Што открија истражувањата на ИРЛ за…
Што истражувавме во „Цената на правдата“ Основано во 1945 година, Вишото јавно обвинителство Скопје тивко и речиси невидливо носи една од најмоќните улоги во македонскиот правосуден систем – да одлучува за судбината на предметите кога тие стигнуваат до Апелацискиот суд, односно кога има жалба на одредена одлука на првостепените судови. Во апелациската судница, само 12 обвинители имаат моќ да ја потврдат или да ја избришат целата работа на своите колеги…

















