Press "Enter" to skip to content

Камионот на озогласениот пржински инвеститор гази по ДУП, ред, закон, право, жители и почит

Пркосните жители од слепата уличка во Пржино денеска му послаа бело платно на инвеститорот кој до нивните куќи гради станбен комплекс од четири четирикатници. На платното долго 50 метри со црни букви е испишано: Ред, ДУП, закон, право, жители, почит. Камионот помина низ нивната улица до градилиштето по платното, а жителите со дрон го снимија „погазувањето“ врз сите зборови кои значат правда и правна држава. Минатата недела инвеститорот почна да…

Како општината (не) го брани Маврово од градежната офанзива

На Маврово се гради. На хартија куќи, во реалноста зграда. Веќе има и една изградена. Таа требало да биде хотел, но газдата си продаде станови. Во најава се и нови градилишта до ски терените. ИРЛ разговараше со Медат Куртовски, градоначалникот на Маврово, за опасноста од неповратни загуби во име на профитот во Нациоаналниот парк „Маврово“. Тој вели дека во општината нема доволно туристички легла, а тие се стремат да го…

Вековен стремеж: Пругата наречена надеж

Изградбата на пруга е најголемото ветување кое сите партии го даваат пред избори. Така беше и на овие избори. Вчера власта најави нова пруга која треба да ги поврзе Македонија и Албанија. За тоа да се случи треба да се поврзат Струга и Кичево. Владата усвои само информaција дека на Министерството за финанси му дава дозвола да бара кредити и грантови во износ од 426 милиони евра и тоа само…

Хероите од нашето маало: Моника Костовска-инспектор за работнички права од Крива Паланка

Во време на корона кризата, проблемите кои настанаа во економијата се прекршија врз грбот на работниците. Бланко спогодбени откази, намалена плата, прекувремено работење, исплата на плата под минимално дозволената се само дел од проблемите со кои се справуваат работниците во земјава по воведувањето на вонредната состојба. Моника Митровска Костовска е инспекторка во Државниот инспекторат за труд во Куманово и е надлежна за контрола на работодавците и за почитување на работничките…