Убиство во Тетово
Она што остана по страшниот пожар во тетовската модуларна болница и денес ги прогонува преживеаните, семејствата и граѓаните на Тетово. Корупција, саботирана истрага и еден кабел, како конечен виновник за страшната несреќа. Гледајте ја епизодата „Убиство во Тетово“ за пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 наши сограѓани.
Нечиста крв
„Нечиста крв” ќе ве вознемири. Истрагата која траеше повеќе од 22 месеца нѐ донесе до морбидни откритија. Почнавме да работиме на сторија за пандемско профитерство, за да разоткриеме децениски долго институционално злосторство врз здравјето и парите на граѓаните. Во македонскиот државен и приватен здравствен систем, никој не е безбеден.
Нечиста крв | Специјално издание
Истражувањето Нечиста крв е базирано на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово. Нивните потресни сведоштва не доведоа до многу откритија, но обемноста на откритијата не дозволи сите да бидат објавени во документарниот филм. Затоа ја продолжуваме приказната за клиниката Жан Митрев, со сведоштвото на Жанета Сарагинова.
Швајцарски тајни
163 новинари, 48 медиуми од 39 земји спроведоа глобално истражување за да ги откријат најконтроверзните тајни од документите кои протекоа од една од најголемите банки во Швајцарија. Која е мрачната страна на швајцарското банкарство и кој сѐ крие богатство во швајцарските банки, дознајте во епизодата „Швајцарски тајни“.
Титаник од Серава
На само 2 километри од центарот на главниот град, во соседството на гинеколошката болница Чаир се протега скопскиот Титаник. Како најмалата скопска општина стана домаќин на најголемата дивоградба во државата и кој е одговорен за најмасивното урбаното злосторство во градот? Истражувањето на ИРЛ откри две огромни дивоградби во најгусто населената општина во Скопје и во цела Европа - Чаир.
Невозможна одбрана
Војната ја добива оној што ги има информациите! Колку е тешко тие да се украдат од серверите на државните институции? Кога државата е оставена на милост и немилост пред опасноста од хакерски напади, најмногу страда приватноста на граѓаните. Гледајте ја епизодата „Невозможна одбрана“ во која откриваме стравотна и срамна трагедија со државната критична инфраструктира што ги става на ризик сите граѓани.
Изгубени во премерот
Колку квадрати се потребни за измама? Од урбаниот хаос, на правдата во Македонија ѝ е претесно и нема каде да се сврти! ИРЛ истражува кој им го краде платениот простор за домување на граѓаните, во најновата епизода на „Редакција“ - „Изгубени во премерот”.
Заговор против воздухот
Кој ги труе граѓаните? Заплетканата бизнис мрежа на енергетски добавувачи ќе нè одведе до поразителни одговори, додека одговорните креваат раменици како тие самите да дишат чист, планински воздух. Во првата епизода на документарниот серијал „Редакција“ тргнуваме во потрага по изворот на македонскиот „пеколен здив“.