Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Забрането ѝ е да ја напушта и Албанија. СПАК вчера ја обвини за местење тендери во кои како фирми се јавуваат и албанските компании „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“ кои изминативе две години беа дел од две одвоени афери и во Македонија. Известува:…
Даночни и пазарни инспектори дел од мрежата помагачи, дивата дискотека „Пулс“ да работи по секоја цена, по осум месеци од трагедијата се лишени од слобода. Обвинителството се сомнева дека примале мито, а за возврат го информирале газда Деко дали и кога ќе има контроли. Двајцата инспектори од УЈП, дел од сторијата на ИРЛ, услугите како информатори ги компензирале со скапи рачни часовници. Известува: Александар Јанев Единаесет нови осомничени инспектори од…
Многу полиција, семејства на 63 починати и 35 обвинети. По осум месеци од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, роднините на загинатите дочекаа да започне судскиот процес. Новата судница во рамки на затворот Идризово беше преполна. Обвинителството порача дека доколку во Пулс имало контрола, надзор и санкција, пожарот ќе се запаметел како инцидент а не како масовна гробница. Известува: Александар Јанев Првите неколку часа од судењето за случајот Кочани,…

















