Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Пропублика и 59 медиумски партнери од 46 држави меѓу коишто и Истражувачката репортерска лаборатија (ИРЛ) го почнаа новиот меѓународен истражувачки проект „Дипломати во сенка“. Меѓу првите идентификувани проблематични почесни конзули во Македонија кои што својата позиција ја користеле за туркање проблематични агенди на странски служби е поранешниот македонски почесен конзул на Руската федерација Сергеј Самсоненко. За проектот Истрагата во која што се вклучени 160 новинари…
Моден додаток. Медицински третман. Технолошки гаџет. Од неодамна дури и решение за досадата при карантинот кој се случи како последица на COVID-19. Станува збор за уредот „IQOS”. Се изговара Аиј-кос. Најчесто е во црна метална боја. Целта му е да загрева тутун. Не било каков, туку оној од брендот HEETS, куси бели патрони со несогорлив тутун во прачки налик цигари. Функционираат само заедно, односно без уредот за загревање, IQOS, не…
Милован Бојиќ, директорот на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, ги набави брзите коронавирус тестови на „Биозек“ кои не се сигурни и кои се лажно претставени како произведени во Холандија – додека всушност се направени во Кина, открива КРИК / ОЦЦРП. Бојиќ ги увезе тестовите од Северна Македонија од компанија „Систина фармација“ која е на човек кој е под истрага за перење пари, изнуда и злосторничко здружување. Пред пристигнувањето на овие…
Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е. Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија…