Press "Enter" to skip to content

Поткаст | Разговор во Редакција

Поткаст 9 - Артан Груби



Додека ДУИ гори од "огнените", како најмоќна фигура во партијата, после Али Ахмети, се профилира вицепремиерот Артан Груби. Во деветтиот поткаст на "Разговор во Редакција", Артан Груби се соочува со непријатните прашања на домаќинот Горан Теменугов и ко-домаќинот Бојан Стојановски.

Поткаст 8 - Тимот на ИРЛ



Кои беа истражувањата кои ја одбележаа 2022 и со какви предизвици се соочивме? Гледајте го нашиот новогодишен поткаст во кој ја доделуваме наградата „Златна касичка” на вашиот омилен негативец од „Редакција” и продолжуваме со притисокот кон институциите кој секојдневно го вршиме, но сега во една празнична атмосфера.

Поткаст 7 - Вилма Русковска



За корупцијата во правосудството, (не)запленетиот имот на Сашо Мијалков и неговото предавање во обвинителството, како и спорното именување на новиот јавен обвинител за борба против организиран криминал Ислам Абази, разговараме со поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Поткаст 6 - Тимот на Редакција



Наместо вообичаените гости, во овој поткаст разговараме со дел од екипата на Редакција за тоа како тие ги претворија истражувањата на новинарите на ИРЛ во документарни филмови. Дискутираме и за филмската индустрија во државата и колку таа вложува во филмови кои ќе пренесат силни пораки кои се важни за граѓаните.

Поткаст 5 - Димитар Ковачевски



Во петтиот поткаст на „Разговор во Редакција“ зборуваме за темите кои значат живот за граѓаните, храна и енергија. За причините и последиците од енергетската криза која ги погоди сите наши граѓани разговараме со премиерот Димитар Ковачевски и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пратениците Јован Митрески и Никола Мицевски.

Поткаст 4 - Беким Сали



Се навраќаме на епизодата „Нечиста крв“ и тргнуваме во потрага по институционални одговори со што отвораме нови прашања за тоа како се одвивала злоупотребата на пари од Фондот за здравство од страна на Жан Митрев. Гости се министерот за здравство Беким Сали, директорката на Фонд за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска и синот на починат пациент во клиниката Жан Митрев, Томислав Буклески.

Поткаст 3 - Благој Бочварски



Кои се приоритетите на државата кога се носат деталните урбанистички планови: полнење на општинските каси или интересите на граѓаните? За ова и многу други теми од урбанизмот и урбаната мафија разговараме со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со новинарите на ИРЛ.

Поткаст 2 - Гаврил Бубевски



Шефот на скопското Јавно обвинителство Гаврил Бубевски е гостин во вториот поткаст на Редакција во кој разговараме за аферата со отровните суплементи „Слимлајн“ којашто ја разоткри ИРЛ, како и за повеќе актуелни предмети кои ги отвори обвинителството, довербата во правосудството, како и центрите на моќ кои ја поткопуваат правдата.

Поткаст 1 - Фатмир Бесими



Во првиот поткаст на ИРЛ – Разговор во Редакција гостува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Ќе откриеме ексклузивни, премолчени, помалку непријатни разговори што не беа прикажани во телевизиската епизода „Швајцарски тајни“ заедно со Сашка Цветковска, Маја Јовановска и Давид Илиески, додека водител на поткастот е Горан Теменугов од ИРЛ.

Разговор во Редакција 4 - Петре Шилегов



Зошто локалните власти ја „преспале“ нелегалната градба на станбени згради во Чаир високи дури 12 ката? Ќе има ли конечен крај на нарушувањето на интересите на граѓаните во корист на алчните инвеститори и урбаната мафија? На овие прашања во Разговор во Редакција одговара скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Разговор во Редакција 3 - Радмила Шеќеринска



Колку сме подготвени за безбедносните предизвици на дигиталната ера? Kолку се води сметка за заштита на податоците од стратешко значење за државата? Одговорите можеш да ги дознаеш од нашиот разговор со Радмила Шекеринска.

Разговор во Редакција 2 - Искра Јанковска Михајловска



Имаме ли претстава која е и колкава е моќта на урбаната мафија во Македонија? За кого се носат законите – за граѓаните или за бизнисмените? Одговорите на овие прашања можеш да ги дознаеш од нашиот разговор со архитектката Искра Јанковска Михајловска.

Разговор во Редакција 1 - Крешник Бектеши



Кој ги труе граѓаните? Заплетканата бизнис мрежа на енергетски добавувачи ќе нè одведе до поразителни одговори, додека одговорните креваат раменици како тие самите да дишат чист, планински воздух. Во првата епизода на документарниот серијал „Редакција“ тргнуваме во потрага по изворот на македонскиот „пеколен здив“.