Press "Enter" to skip to content

Проверено

Кучиња на војната


Јарослав Стрнад, главниот финансиски поддржувач на кампањата на чешкиот претседател Милош Земан, тајно пазарел старо оружје од резервите и старите балкански фабрики. Пазарот вклучува набавки на десетици милиони рамки муниција. Не било каква, туку застарена муниција со озогласен имиџ од резервите во Албанија. Со децении старата кинеска муниција не би ја користела ниту една сериозна армија.

Лидерство по пример, а не по збор


Заробена држава, криминална власт, семејна и партиска администрација, неслободни медиуми. Деценискиот список на невољи приредени од владеењето на Никола Груевски веруваме дека речиси никому не му недостасува. Новата власт со сигурност наследи проблеми и чуда за три дена никој не очекува. Се подготуваат реформи, а еден од најголемите предиизвици по она што беше цунами за правната држава е – враќањето на довербата во институциите од страна на граѓаните.

Азербејџанска пералница


Политичари, бизнисмени и новинари од целиот свет биле плаќани преку тајни канали азербејџанските лидери за семејството на озогласениот азербејџански диктарот да си го подобри сопствениот имиџ. Според меѓународното истражување во кое учестуваат повеќе од 100 новинари, а од кое и Проверено е дел, парите се исплќале преку 4 таканаречени фронт компании – сите регистрирани во Велика Британија под различни имиња, а меѓу директорите и поранешен шофер и сметководител од државната Интернационална банка во Азербејџан.

За популизмот и она што потсетува на груевизмот


Отчетност и транспарентност – должност на институциите и право на граѓаните или привилегија?! Оваа епизода на Проверено се занимава со симптомите на таканаречениот груевизам кои што ги демонстрираат претставници на актуелната власт. Сите го паметиме сеприсуството на Никола Груевски. Деценија на корумпирани медиуми, корумпирани новивнари, бизнисмени и многу пари за владини реклами.

Непристоен предлог


Новинарите добија непристоен предлог од Претседателот Иванов. Ги повикуваа на наводен брифинг, а им понудија да потпишат изјави со кои бараат пристап до класифицирани информации. Транспаренстност, политиканство или војна меѓу разузнавачките служби – ПРОВЕРЕНО влезе подлабоко во последната афера во која се случи обид од нејасни причини новинарите да се злоупотребат во војната со информации која ја водат разни домашни и странски служби со сериозни импликации по евроинтегративните процеси на земјата.

Пратенички башибозук


Што прават пратениците секој петок? Наместо да бидат на своите работни места и да ја почитуваат законската обврска за средби со граѓани, тие си земаат гратис слободен ден. Ги нема во Собранието, ниту пак во народните канцеларии. Петак е буквално дан за метак за пратениците. Тие забораваат дека граѓаните ги бираат и плаќаат за да ги застапуваат нивните интереси во Парламентот.

Отплеткување на пајажината


Скопје 2014, престолнината на кичот како што го нарекуваа многу од интернационалните медиумии или седиштето на лажниот барок. Оваа емсија е посветена на лагите ама и на парите. Едни го градеа лажниот барок, други пак го рекламираа пропагирајки го како врвно естетско и политичко дело на власта водена од Никола Груевски. Едни градеа, други фалеа, трети плаќаа, а тие трети беа граѓаните. Ова издание на Проверено е посветено на коруптивните врски помеѓу медиумите и политиката.

Судско тефтерче


Судството е клучно за Македонија да стане правно сигурна земја за сите граѓани. Но, состојбата во правосудството со години е благо речено очајна. Имаме корумпирани и пристрасни судии, обесправени и исплашени граѓани и Судски совет кој наместо да биде чувар на судското достоинство и довербата на граѓаните во судството, тој е заштитник на политички моќници и на судии кои не судат во име на правдата, туку во име на партијата.

Шоуто мора да продолжи


Музиката не расположува. Музиката ни предизвикува емоции. Но, музиката е и бизнис. Голем бизнис. Особено ако во истиот раце вмешува и државата. Тогаш почнува да станува државно спонзориран бизнис. А во секој таков, рацете се валкани. Ова издание е посветено на работата на ЗАМП. Организација со која никој не сака да биде на лоша нога. Зошто?!

Приказна без крај


Денационализацијата е предвидено да претставува процес кој што ќе ја исправеше неправдата нанесена од нашите сограѓани кои што ги загубија имотите во процесот на национализација во поранешна Југославија, кога државата насилно го одземаше имотот на граѓаните стремејки се да го забрани приватниот капитал.

Од Белизе до Будимпешта: Нови играчи во шопинг на медиуми во Македонија


Која е Унгарката во шопинг на медиуми во Македонија? Каде тргна Република, а каде Нетпрес и Радио Слободна Македонија? Интервју со директорот на Агенцијата за медиуми кој зборува за новите и старите телевизии, за истрагите и сопствениците.

Неисполнети ветувања: Бетонирање на Аеродром


Бетонски чудовишта ќе никнат во Аеродром. Златко Марин вети стопирање на урбаната џунгла и ревизија на спорните дуп-ови донесени од Ивица Коневски. ПРОВЕРЕНО открива како вработен во општина Центар заедно со соработник на бизнисмените кои профитираа од државно спонзорирани зделки со ВМРО-ДПМНЕ добија атрактивна парцела и уште поатрактивна маркица за во населбата Аеродром.

Опоен бизнис


Кој ги насади првите плантажи со марихуана во Македонија? Како братчедите на премирот Заев добија лиценци и станаа дел од овој бизнис. На овие прашања во интервју одговара лично премиерот. Кои се играчите и колку тежи овој вносен бизнис погледнете денес во емисијата на Проверено.

Орбан во пропагандна офанзива во Македонија


Со години лажеа. Ширеа говор на омраза. Потпалуваа тензии. Ги етикетираа критичарите на Груевски и учествуваа во едни од најсилните поделби на граѓаните. Сето тоа во име на лидерот. Но, медиумите на Груевски добиваат нови сопственици – луѓе блиски до унгарскиот претседател Виктор Орбан. Што сакаат политичките пријатели на ВМРО-ДПМНЕ купувајќи медиуми на Балканот? Кој и зошто би го окрупнувал пропагандниот медиумски фронт во регионот?

Меритократија


Како се станува директор во државна фирма? Кој одлучил дека баш бабата на Рашковски е најсоодветното кадровско решение за во управни одбори? Зошто се кријат биографиите на одбраните директори? Проверено открива и кои министри се членови на владината комисија за именувања низ чии раце поминуваат сите предлози за кадровски решенија.

Финансирање на политички партии


ВМРО-ДПМНЕ пак собрала најмногу пари од донации од граѓани за партијата. Институции, претпријатија и студентски домови на листата на партиски донатори на ДУИ. Бизнисите печалат од власта, но на списоците за донатори има само обични смртници – што кријат партиите и зошто никој не сака транспарентно финансирање на политичките партии?

Каде се украдените пари


Каде се украдените пари на граѓаните? Кога може да очекуваме прва пресуда и конфискација? Ќе се чешла ли прво „Скопје2014“? Проверено истражуваше дали и кога ќе се понесе одговорност за изнесените милијарди од државата.

Политичари талкачи


А што покажува анализата на овие партии. Под број еден, тие ретко го менуваат лидерот. И со ректи исклучоци, малите партии речиси секогаш се идентификуваат со водачот. Често ги менуваат и страните.

Башибозук во Минстерството за култура


9 години на чело на ова Министерството за култура беше Елизабета Канческа Милевска. Од оваа институција за време на нејзиниот мандат се одлеаја стотици милиони евра за многу контроверзни проекти од кои дел се под истрага на Специјалното јавно обвинителство. Во ова издание истражувавме како и зошто Владата на Никола Груевски и екс министерката Милевска потрошија 10 милиони евра за печатење на стотици илјади книги.

Референдум, четврт Илинден


Реферeндумот за независност неповратно ја определи македонската европска иднина. Но, малку се оние што знаат за улогата на медиумите во поттикот да успее независна Македонија. По речиси три децении, гледаме една поделена Македонија. Поделени политичари, поделени медиуми, поделени граѓани. Колку е важен овој референдум и дали тоа ќе биде навистина македонскиот четврт Илинден.

Кралот на Пласница


Неговото семејство го води најуспешниот бизнис во земјава кој профитира од државно спонзорирани зделки. А тој ја води најсиромашната општина во земјата. Ако нивната „Пуцко Петрол“ заработила речиси 100 милиони евра од државни тендери во последните 10 години, општината 8 години има блокирана сметка. Кој е Исмаил Јахоски, основачот на Пуцко Петрол и пријател на турскиот претседател со сомнителни демократски капацититети, Реџеп Таип Ердоган.

Обезглавени институции


Две клучни институции во моментов не функционираат – Антикорупциската комисија и Државната изборна комисија. Им одговара ли на власта и опозицијата блокирани институции?