Press "Enter" to skip to content

Рената Дескоска: Извесно e дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивнотo пренесување во Јавното обвинителство

Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Јавното обвинителство изјави дека предметите на СЈО ќе имаат завршница.

“Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за било какво негативно влијание од мислењето на Врховниот суд. Сепак, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада. Затоа е бесцелно неконструктивното однесување на било кој во процесот на носење на законот“, вели Дескоска.

По неуспешната лидерска средба на која требаше да се одлучи судбината на СЈО, продолжуваат консултациите за Законот за јавното обвинителство. Дескоска тврди дека она што било договорено на лидерската средба е вметнатно во нивното законско решение и тие истото ќе го достават до опозицијата во текот на утрешниот ден.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »