Press "Enter" to skip to content

Антикорупциска: Зибери може да биде разрешен од функција и во изборна кампања

Претседателката на Државната комисија за спречивање на корупција, Билјана Ивановска вели дека Арбен Зибери може да биде разрешен од функцијата директор на Центарот за јавно здравје иако е изборна кампања. Единствено не може да биде отпуштен од рабоното место додека кампањата трае.
„Ние како комисија не гледаме правни пречки за да се спроведе мислата на министерот, дотолку повеќе што во забраните во изборниот законик и во нашиот закон стои дека се забранува покренување постапка за престанок на работен однос. Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор. Законот вели дека е забрането започнување на постапка за вработување или за престанок на работен однос, значи за престанок на работен однос, а не за престанок на функција“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. 
Арбен Зибери кој што е член на ДУИ и е во камапња, на стартот на кампањата објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел наши државјани да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. Министерот за здравство го обвини за злоупотреба на институцијата во кампања и најави дека ќе се консултира со правници за да види дали постојат пречки за негово разрешување. Зибери обвини за реваншизам и рече дека Филипче ја злоупотребувал институцијата во изборни цели со ваквите изјави.
За време на изборната кампања вработувањата и отпуштањата во државните и јавните институции се регулирани строго и посебно со Изборниот законик, а за секое именување, разрешување, отпуштање или внатрешни смени во институциите, тие мора да бараат задолжително мислење од Антикорупциската комисија.
Кога сте веќе тука, прочитајте:
или погледете: