Press "Enter" to skip to content

Порака од Заев до Камчев: Сите мора да бидат еднакви пред законот

„Секој е невин додека не се докаже вината. За господинот Орце Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на прашање за бизнисменот Јордан Камчев.

Според него секој бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара.

„Презумцијата на невиност треба да ја почитуваме сите, но кога луѓето забегуваат со пари коишто веројатно се крадени  пари, пари коишто не се стекнати со пот и труд често се проблематични во светот и во нашата земја. Затоа постојат Агенции за борба против перење на пари или Управа за финаниско разузнавање.  Затоа што парите стекнати на незаконски начин купуваат човечки души, купуваат влијание, купуваат моќ , уништуват цели системи. Затоа треба  процесите за секој да разјаснат што е  што. И апсолутно никој, вклучително Заев, Мицкоски и  било кој политичар, бизнисмен дали е тоа Камчев сите мора да бидат еднакви пред законот“, рече Заев.

Јордан Камчев е осомничен во случајот „Империја“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а сега е во рацете на обвинителката Вилма Рускоска. Истрагата беше отворена во ноември 2018 година, но и натаму за овој случај нема обвиение. Освен Камчев, во случајот под истрага се и Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, осомничени за Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари.

Камчев беше оштетена странка во случајот „Рекет“ во кој минатата недела на затворски казни беа осудени поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор и Бојан Јовановски (Боки 13) на девет години затвор.

Поврзани стории

Случај „Рекет“: Јанева осудена на седум, Јовановски доби девет години затвор

Рекет: Во кого (не) се вперени очите на правдата

Репортажа од судницата: Сиромавиот милионер