Press "Enter" to skip to content

Спасовски: Очекувам дебата во СДСМ за Фросина Ременски

12.10.2019

Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за  кој било член на владата, директор, пратеник  и така натаму. Сега, полека, но сигурно се гради тој систем во инстиуциите, па почнуваме да разговараме не само за одговорност на поранешните функционери, туку и за одговорност на оние коишто денеска се дел од институциите. Партијата ќе разговара во однос на прашањето и во однос на Фросина Ременски. Јас сакам да се почитува пресумпцијатата на невиност, меѓутоа ние мораме на основа на тоа да носиме и соодветни одлуки во рамките на партијата. Така да очекувам дека таа дебата ќе се отвори во партијата, вели високиот функционер на СДСМ и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Вчера за случајот “Рекет” се огласи и партискиот претседател и премиер на владата Зоран Заев кој рече дека Ременски е супсендирана од партиските фунцкии до расветлување на случајот.

“Фросина Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспект суспензијата и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност, изјави денеска премиерот Зоран Заев.Верувам, посочи, во нејзината невиност, верувам во презумцијата на невиност, но сум јасен, тоа треба низ судски процеси секако да се докаже, односно сомневањето кон неа како и кон сите други треба Обвинителството да ги докаже, затоа што така е поставен нашиот систем”, рече премиерот Заев.

Поврзани приказни

Кратка приказна за (не)правдата: Наивните бизнисмени и рекетот

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Повеќе од Изјава на денотПовеќе теми во Изјава на денот »