Press "Enter" to skip to content

Ивановска: Антикорупциска ќе ги истражува случаите на непотизам

Новиот состав на Антикорупциската комисија кој денес ја имаше првата седница, ќе ги истражува вработувањата на лица блиски до функционерите на СДСМ и ДУИ во ЕЛЕМ и МЕПСО.

Претседателката Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање рече дека тие ќе ги истражат овие случаи иако немаат преставки за непотизам.

„За ова нема преставки, но законот остава можност ние самите да провериме.  Ќе ја побараме целата документација за синот и братот на пратеничката Мира Стојческа, но и за сите останати вработувања кои предизвикаа сомнеж во јавноста“, рече Ивановска одговарајќи на новинарско прашање.

Комисијата констатираше дека вакви случаи има многу и планираат во најскоро можно време да испитаат дали станува збор за политичко влијание при изборот на кандидати за работа во државни институции и јавни претпријатија.

Во изминатите неколку дена беа истакнати бројни случаи на потенцијално спорни вработувања меѓу кои и вработувањето на ќерката на пратеничката на Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолошки развој, вработувањето на сестрата на министерот за економија Крешник Бекташи во МЕПСО, вработувањата на синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска во ЕЛЕМ и РЕК Битола. Скорешните вработувањата на таткото и мајката на сопругата на пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски, во ЕЛЕМ и во Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола како и други лица блиски до функционерите.

На обвинувањата од страна на јавноста дека станува збор за партиски вработувања, министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска дадоа изјави кои од јавноста беа пречекани со бројни критики и негодувања.

Покрај случаите на непотизам, Антикорупциската ќе ги истражува и скандалите поврзани со доделувањето средства од страна на Фондот за Иновации и технолошки развој и Министерството за Култура.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »