Press "Enter" to skip to content

По одбраната на Шеќеринска на непотизмот, Манчевски ги правда партиските вработувања

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, со зачуденост ги доживеа прашањата поради се погласните прозивки во јавноста за партиски и семејни вработувања на лица блиски до видни владини функционери.

„Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа“, кажа Манчевски.

Минатата недела вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска предзивика реакции во јавноста откако на слично прашање за непотизмот одговори дека Македонија била мала држава каде што шансите некој да е нечиј роднина или пријател се големи.

Боби Христов: Што значи она „ќе не биде“ кое што го гледаме на социјалните профили на многу партиски функционери. Порака до сите граѓани или порака до Бектеши дека може да си ја вработи сестрата во Мепсо, до Емилија Александрова да го вработи својот син во Фондот за иновации и дузина функционери и притоа да се прати порака дека животот не дошол за сите, но е многу погоден за оние кои се на функција?

Радмила Шеќеринска: Не сакам убавата вест да ја третираме како дел од овие дебати. Јас сум спремна и тие да дискутирам, не за 30 секунди, ќе се согласите. Меѓутоа кога ќе ми најдете држава со два милиони во кои што семејствата на сите некако ќе исчезнат и нема да се дискутира, јас ќе ви кажам браво!, одговори Шеќеринска.

Поврзани статии:

Со едвај година искуство во администрација, кадар на ЛДП ќе седи во надзорен одбор на Државна лотарија

https://irl.mk/1545-2/

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »