Press "Enter" to skip to content

Жителите на Пржино повторно на протест, бараат мораториум на градбите

Жителите на населбата Пржино во Скопје потпишаа петиција со која бараат ревизија на актуелниот Детален урбанистички план и мораториум на градбите. Со протестен марш низ населбата упатија апел до општината Кисела Вода и надлежните институции дека ДУП-от не е легитимен.

„Петицијата е глас до општината Кисела Вода, но и до повисоките органи – Министерствата за животна средина и за транспорт и врски со која бараме мораториум на спорните градби. ДУП-от е легален, но не и легитимен. Легитимен е тогаш кога ние граѓаните ќе го подржиже“- изјави Јасна Бачовска Недич од Пржино.

Пржинци побараа и итно поништување на одобрението за градба на станбениот комплекс каде неодамна се урна потпорен ѕид, со што се доведе до опасност живеењето на околните жители.

„Дојдов да го поддржам овој марш затоа што според информациите кои ги добив, новите урбанистички планови ќе го сменат изгледот и начинот на живеење во населбата која е наменета за индивидуално семејно живеење, а не за поголеми згради“- рече Зоран Стефановски жител на Пржино.

ИРЛ со месеци ја следи јаловата битка на жителите на Пржино со општината Кисела Вода и моќниот инвеститор кој планира изградба на четири четирикатници на врвот на две слепи улички. Соседите попусто апелираат дека изградбата на зградите ќе го загрозат нивното живеење и бараат поништување на решенито за градба.

Денешниот протест го поддржаа и жители од другите маала во Пржино, бидејќи во актуелниот Детален урбанистички план се планираат повеќе станбени згради кои на хартија се куќи, но во реалноста се повеќекатници.

Инаку, по уривањето на потпорниот ѕид на градилиштето на улицата „Пржино“, градежните работи се стопирани со решение од општината Кисела Вода, се додека инвеститорот не создаде услови за безбедна градба.

Поврзани стории на ИРЛ за пржинската војна на „малите луѓе“ против моќните инвеститори

Бетонизација на Пржино: Итриот инвеститор, кутриот градоначалник

Жители на Пржино со жив штит и полициско присуство ја бранеа улицата од инвеститорски багер

КРИК СРБИЈА: Директорот на белградската болница „Дедиње“ набавил несигурни Ковид-19 тестови од македонски бизнисмен осомничен за криминал

Камионот на озогласениот пржински инвеститор гази по ДУП, ред, закон, право, жители и почит

Градежни инспектори привремено ја стопираа изградбата на четирите четирикатници во Пржино

Протест: Да не дозволиме Пржино да биде второ Водно

 

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »