Според премиерот на државата и лидер на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, наскоро кога поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, повторно ќе сведочи во предметот „Таргет-Тврдина“, ќе разрешел многу дилеми, откако неодамна се дистанцираше од „бомбите“ кои ги објавуваше Заев и со своите зборови фрли сомнеж врз нивната автентичност.
Верушевски рече дека материјалите од прислушуваните разговори биле модифицирани и манипулирани. Одговарајќи на прашање во инервју за „Гласот на Америка“, премиерот тврди дека автентичноста на „бомбите“ воопшто не е спорна.
„Јас имам, буквално, на дневна основа разговори со моите советници, така и со советникот за национална безбедност, господинот Верушевски. Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во СЈО, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјалдемократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјалдемократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата“, вели Заев.
https://www.facebook.com/IRLMacedonia/videos/2257823567678409/
Додека сте овде, не го пропуштајте најновото интервју на ИРЛ со министерот без ресор задолжен за отчетност и транспарентност Роберт Поповски:
(ВИДЕО)Роберт Поповски: Пазарот ќе одлучи кој е добар, а кој лош новинар