Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО)Роберт Поповски: Пазарот ќе одлучи кој е добар, а кој лош новинар

Владата најави борба со лажните вести. Се подготвува и акциски план.  ИРЛ разговара со министерот без ресор задолжен за отчетност и транспарентност Роберт Поповски. За обвинувањата и шпекулациите дека власта сака да интервенира законски во решенија кои можат да бидат лоши за новинари, владата експлицитно негира.

“Немаме намера да правиме нешто тајно или заткулисно, работниот дел беше отворен за јавноста. Тоа е само акциски план. Прво институциите треба да ги обезбедат и усовршат безбедноста внатре во институциите, да ја зголемат транспарентноста и отчетноста. Тоа е едниот дел. Вториот дел е заедно со јавноста и еснфаските здруженија да ги поставиме правците како генерално да се справуваме со овој проблем. Ова не е проблем само на владата или на медиумите, бидејќи креатори на лажни вести се и истакнати поединци и партиите и други центри на моќ”, вели Поповски.

Го прашавме, а што кога кога премиерот и министри гостуваат и легитимираат новинари и медиуми кои шират говор на омраза, поттикнуваат етнички и иделошки тензии и поделби и повикуваа на насилство. Слободата на медиумтие мора да биде неприкосновена. Дали и повици за војна се слобода на медиуми. На ова Поповски рече “Пазарот ќе одлучи кој е добар а кој лош новинар”. Погледнете го целото интервју.

Погледетне го целото интервју во видеото

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »