Press "Enter" to skip to content

Несигурни дијагнози: Како лажно декларирани холандски тестови за КОВИД од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ

Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата “Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а се откри дека и лажно се декларира како попрецизен одошто е.  Тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично “ѓубре”. Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се ​​купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потеклно и за перформансите на тестот, сепак не е.

Автори: Сашка Цветковска, Аубри Белфорд, Сесилија Анеси, Гавин Бровинг

Дополнително известување: Лоренцо Багноло, Драгана Печо, Антонио Бакеро Маја Јовановска, Давид Илиески. Марија Хорбан, Атанас Чобанов, Романа Пулет, Мишел Симонс, Карлин Купјер. Димитри Великовски.

Ова истражување е соработка помеѓу ИРЛ Македонија, ИПРИ Италија, МулИпри Медиа, Бивол Бугарија, Крик Србија. Инвестико Холандија, Важни стории Русија и Темпо Индонезија. 

Во период од неколку дена кон крајот на март, македонскиот државјанин Роџер Зекировски ги имаше сите препознатливи симптоми на Ковид-19; висока температура, болки во мускулите и сува кашлица. Но, според епидемиолошкиот прашалник, тој не ги исполни условите за лабараториски тест во државна болница.

Наместо тоа, Зекировски се реши за она што се чинeше како добра алтернатива: тест направен во Холандија – кој се прави на приватна клиника за само 20 евра – може да ја открие болеста со висок степен на точност за само неколку минути. Или барем тоа е она што го мислеше кога се упати дома враќајќи се од клиниката, олеснето, со негативен резултат на тестот.

Три дена подоцна, 45 годишниот Зекировски беше мртов. Официјалните резултати од постмортниот тест покажаа дека тој навистина бил заразен со САРС-КoВ-2 , вирусот кој го предизвикува КОВИД-19.

Сопругата на Зекировски, Ѓултена, рече дека лажниот негативен тест ги изложил на огромни, застрашувачки ризици.

„Кога се тестираше негативен, сите бевме толку среќни“, рече таа. „Се гушкавме и бакнувавме, деца и родители“. Како би можеле да знаеме?“

Иако е невозможно да се каже дали Зекировски би преживеал да беше поинаку, неговата смрт е впечатлива илустрација на заканите на она што многумина се надеваа дека е клучно оружје во борбата против пандемијата: брзи тестови за антитела.

За разлика од типичните молекуларни тестови, кои бараат протеини на вирусот САРС-КоВ-2, а резултатите можат да дојдат и по неколку дена, брзите тестови бараат антитела произведени од имунолошкиот систем додека се бори против вирусот. Резултатите обично се готови за 10 до 30 минути.

Првичните надежи дека ваквите тестови ќе помогнат во борбата со вирусот, брзо исчезнаа откако се откри дека овие тестови, обично направени во Кина, се далеку помалку точни отколку што првично се сметаше.

Но, истрагата на OCCRP и партнерите откри поголеми проблеми со глобалниот пазар за брзи тестови.

Инсајт во глобалниот матен пазар на брзи тестови

Излегува дека ништо од она во што верувал Зекировски за брзиот тест не било точно. Никогаш не ни требало да се понуди како алатка за дијагностицирање и ниту рекламирањето било точно.

Исто така, репортерите открија дека тестовите не ни биле направени во Холандија.  Наместо тоа, тестот – продаден од холандската компанија Инзек Интернешнал Трејдин под брендот Биозек – беше еден од најмалку три брендови на брзи тестови за корона вирусот издаден од европски и американски производители, кои всушност се ре-брендирани од популарен кинески тест. Тестот произведен од Хангзоу Аллтест Биотех Цо. Лтд, во неколку независни испитувања се покажал помалку точен отколку што се тврди. Владата на Велика Британија ја откажа нарачката за тестовите, откако наводно открила дека не успале да ги исполнат нивните стандарди за точност.

А сепак, милиони тестови се продаваат низ целиот свет. Честопати се продаваат и промовираат како квалитетен европски производ, во имплицитен контраст со помалку престижните кинески произведувачи.

Истите кинески тестови, под различни имиња на брендови беа користени од здравствени установи и влади во земји, вклучувајќи ги и Шпанија, Италија, Франција, Велика Британија, Индонезија, Русија и Ватикан. Тие завршија во рацете на трговците на мало преку интернет, кои продаваат на луѓе кои не се здравствени работници – практика која оди во спротивност со упатствата за безбедна употреба. Тие дури беа и шверцувани во Украина во пратка со облека.

Купување и ребрендирање на вакви тестови е легално и во Соединетите Американски Држави и во земјите на Европската Унија. Сепак, неточно информирање на потрошувачите и пациентите, е нелегално.

Лажно негативен тест е катастрофа

Брзите тестови се прават со земање на мал примерок крв кој се става на мала пластична лента за да се провери присуството на вирусни антитела. Повеќето од тестовите бараат два вида на антитела: Имуноглобулин М (IgM), кој обично се појавува во почетната фаза на заболувањето, и Имуноглобулин Г  (IgG), кој се јавува во подоцните фази и опстојува подолго.

Тестовите се прават брзо, но не се доволно точни за да дијагностицираат индивидуални пациенти со КОВИД-19, велат здравствените експерти. Светската здравствена организација (СЗО) во моментов советува вакви тестови да се користат само за следење на заедницата или заедно со поточни молекуларни тестови, кои бараат генетски материјал на вирусот, но на кои им треба подолго време за да се добијат резултатите, бидејќи тие треба да се направат во лабораториите.

Заедно со вентилаторите и маските, имаше голема побарувачка и на брзите тестови во раните фази на пандемијата. Комплетите за тестирање од Кина добија голем публицитет. Кинеските пратки за помош и продажба во европски земји погодени од вирусот, наскоро се соочија со контроверзии. Шпанија ја врати серијата на комплети за тестирање на кинескиот производител Шенжен Биоизи Биотехнологија, откако било утврдено дека имаат само 30 проценти точност.

Тестот Биозек се продава во болницата Систина како холандски тест, но тоа е кинески тест

На хартија, кинескиот бренд Аллтест е далеку попрецизен. Компанијата, со седиште во главниот град на кинеската провинција Жеијанг, е долгогодишен производител на комплети за тестирање за откривање на вообичаени инфекции, дрога и бременост.

Аллтест објави клиничка студија тврдејќи дека нивните тестови се 92,9% точни при откривање на IgM и 98,6% точни за IgG.

Но, независни испитувања потвдрија дека не се ни приближно точни колку што тврдат дека се. Друга шпанска студија откри дека Аллтест давал лажно негативни резултати во повеќе од половина од направените тестови.

Еден од авторите на студијата, Хуан Куадрос Гонзалез, изјави за OCCRP дека стапката на лажни негативи драматично опаднала на помалку од пет проценти во текот на четири недели по првичните симптоми, со зголемување на антителата.

Знаејќи ги овие ограничувања, Куадрос и неговите колеги биле во можност да ги користат тестовите како дополнителна алатка за скрининг заедно со тестовите во молекуларна лабораторија. Но, ова едномесечно заостанување „не е наведено на брошурата на тестовите и тука лежи проблемот“, рече тој.

Марин де Јонге, научник вклучен во истражувањето на КОВИД-19 во Медицинскиот центар на универзитетот Радбуд во Холандија, рече дека лажните негативни тестови можат да бидат многу опасни.

„Кога сакате да утврдите дали некој е заразен, лажниот позитивен резултат не е голем проблем, затоа што единствената последица е тоа што некој се затвора во изолација за ништо“, рече Де Јонге. „Но, лажната негатива е катастрофа“, рече тој, затоа што ако некому му дадете слободно да шета, може да ги загрози другите во заедницата.

Британската влада на почетокот на април откажа мултимилионска нарачка за комплетите на Аллстест, по прегледот предводен од универзитетот Оксфорд, кој наводно открил дека Аллтест и друга кинеска марка не успеале да ги исполнат нивните потребни стандарди за точност.

Резултатите од клиничкото испитување објавени од „Аллтест“ кои тврдат 92,9% и 98,6% точност се „ѓубре“, изјави Клер Стендли, професор асистент по истражувања во Центарот за глобална здравствена наука и безбедност на Универзитетот Џорџтаун.

„Нема информации за клиничката состојба на пациентите“, рече Стенли. „Не знаеме дали биле хоспитализирани, не знаеме дали биле случајно одбрани од заедницата, не знаеме дали имаат благи симптоми, не знаеме како се идентификувале. Нема информации за етичките одобренија што им биле дадени за да се обезбеди дека тие се согласуваат да бидат дел од студијата. Овие сите се основни аспекти“.

Клиничките испитувања на брзи тестови треба да се споредат со резултатите добиени од комплетите со поточни лабораториски тестови, рече Стенли. Клиничкото испитување, меѓутоа, не вклучува такви информации и не дава индиции за тоа каде да ги најдете.

Ова не значи дека тестовите се бескорисни. Во согласност со советите на СЗО, Аллтест сè уште може да биде корисна алатка за скрининг, заедно со молекуларното тестирање, рече Стенли. Тие се исто така корисни како средство за спроведување на истражувања низ целата заедница за ширење на болеста.

Всушност, дури и Аллтест јавно кажа дека ова е правилната употреба на нивниот тест. Во изјавата објавена од компанијата непосредно по откажувањето на британската нарачка, компанијата рече дека нејзиниот производ не е „погоден за рано испитување“ и треба да се користи како „дополнителен метод“ за лабораториски тестови.

Аллтест одби да одговори на писмените прашања од OCCRP.

„Можеби има еден погрешен збор“

Најмалку три други брендови со седиште во Европа и САД во моментов ги продаваат моделите на Аллтест под своите брендови, откриваат репортерите.

Новинарите на OCCRP и ИРЛ беа во можност да ги пронајдат тестовите со пребарување на клучни бројки од оригиналната клиничка студија на Аллтест, како и варијации на референтниот број на тест моделот, INCP-402. Овие информации исто така беа вкрстени со документи за регистрација на компанијата и со информации од ИмпортГениус, комерцијална база на податоци за увоз-извоз.

Најистакнат од нив беше производителот на тестот „Биозек“, Инзек Интернешнл Трејдинг БВ, кој се наоѓа во холандскиот град Апелдорн.

До неодамна, компанијата ги рекламираше своите тестови за корона вирус на својата веб-страница како холандски и ги обележа со ознаката „CE“, означувајќи дека тие се направени според стандардите на Европската економска област.

Тврдењето дека се холандски е клучна мамка за некои купувачи. На 8 април, државната фармацевтска компанија на Индонезија, ПТ Кимја Фарма, објави набавка на 300.000 тест комплети на Биозек, тврдејќи  дека биле „развиени според регулативите на ЕУ“.

Мустафа Хамид, менаџер за контрола на квалитетот на Биозек, беше цитиран во истото издание каде што вели: „Тестовите се развиени и произведени според многу строги регулативи на ЕУ и Холандија. Овие регулативи не оставаат простор за грешка и затоа се прави многу сигурен и безбеден производ “.

Но, всушност, тестовите беа развиени и произведени во Кина од страна на Аллтест, откри извршниот директор на Инзек – Заки Хамид, во разговор со новинар.

Тој рече дека холандската компанија вообичаено спроведува свои проверки на квалитет во Ирак и одржува работни состаноци во Холандија, но дека ниту еден од овие чекори не бил возможен за тестовите за антитела на КОВИД-19, како резултат на затворањето на границите.

Компанијата во Кина е професионален производител и тие имаат официјални сертификати“, рече Хамид. „Ние им веруваме сто проценти“.

На прашањето зошто тестовите беа промовирани како холандски производ на веб-страницата, Хамид рече: „Можеби има еден погрешен збор. Можеби треба да го поправиме тоа“. Веб-страницата е сменета следниот ден, 29 април и беа отсранети сите промоции и текстови поврзани со брзиот тест на Биозек.

Анди Празос, директор во индонезиската Кимиа Фарма, рече дека државната компанија била убедена дека тестовите се направени во Холандија, па дури и го испратила својот персонал во производствениот погон Инзек во Холандија.

„Пред трансакцијата, се уверивме дека е компанијата е кредибилна и има своја производствена линија. Индонезиската амбасада во Холандија исто така ни помогна“, рече тој. „Тестовите веќе се дистрибуирани во 14 региони и покраини во Индонезија“, додаде тој.

Како одговор на прашањата на новинарите, од Фондацијата за кодекс на однесување на Холандија за медицински помагала (ГМХ) изјавија дека не се во можност да коментираат  на поединечни случаи, но очигледно е непожелно странките поврзани со ГМХ да ги рекламираат медицинските уреди на начин кој е неправилен, неоснован и може да ги доведе луѓето во заблуда. Жалбите треба да бидат разгледани од граѓански суд или од Комитетот за закони за рекламирање на земјата, се вели во извештајот.

Тестови за Ватикан со помош на Трамповите пријатели

„Сè уште е необично, нејасно и недоволно транспарентно за потрошувачот“, рече Стенли, „но може да биде легално согласно законите и една од оние практики за кои не знаевме до сега, бидејќи никогаш не сме биле заинтересирани за дијагностика.“

Тестовите на Инзек „направени во Холандија“ се покажаа популарни. Според Хамид, компанијата досега продала и испорачала над 1,6 милиони тест комплети низ целиот свет. Најголемите клиенти на компанијата се во Индонезија, Русија, Холандија, Кувајт, Саудиска Арабија и Ирак, рече тој.

Дури и црквата во Ватикан порачала 700 од тестовите на Биозек, објави италијанскиот весник Ла Стампа, со помош на Паоло Замполи, италијански бизнисмен кој живее во Њујорк, кој е амбасадор на Доминиканската Република во Обединетите нации и кој наводно организирал забава во 1998, каде сегашниот претседател Доналд Трамп се запознал со неговата сегашна сопруга Меланија Кнаус. Замполи ја објави својата улога во договорот за тестови на „Биозек“ со фотографија на својата страница на Инстаграм.

Фотографија преземена од официјалниот Инстаграм профил на Паоло Замполи

Американски, ама кинески

Споредувајќи ги референтните броеви на тестовите и бројките за откривање на антителата, новинарите беа во можност да откријат најмалку две други ребрендирања на пазарот на комплетите на Аллтест.

Еден од нив се продава под брендот на Скрин Италија, производител на тестови во италијанскиот регион Умбрија.

Веб-страница на компанијата вклучува декларација за сообразност на ЕК – механизам за само-известување за добивање ознака „CE“ – во која италијанската компанија се наведува себеси како производител на три брзи тестови за коронавирус, кои содржат референтни броеви на Аллтест, вклучително и две варијанти на INCP-402, истиот комплет за тестирање кој го преименува Биозек. Компанијата, исто така е регистрирана во италијанското Министерство за здравство како производител на тестовите, според поднесените документи. Италијанскиот закон дозволува купување и повторно воспоставување на тестови за увоз, сè додека увозникот врши своја контрола на квалитетот и препакување, и го открива оригиналниот производител доколку биде побаран.

Скрин Италија одби да одговори на прашањата на новинарите. Компанијата соопшти дека не може да го открие оригиналниот производител на тестовите или каде биле продадени тестовите.

Исто така, достапни во Италија, како и во многу други земји, се тестови продадени од Акро Биотех, компанија со седиште во Ранчо Кукамонга, Калифорнија. Компанијата продава тестови на глобално ниво под два бренда, Акро и Јусчек, кои носат варијанти на референтниот број Аллтест на INCP-402. Исто така, продава и други брзи тестови на крвта за откривање дрога, заразни болести и маркери за состојби како срцеви заболувања.

Поднесените документи во Управата за храна и лекови на САД (ФДА) покажуваат дека тестовите на Акро Биотек се произведени од Аллтест. Ваквите договори за препакување се легални во САД се додека тие се соодветно декларирани од ФДА и се добива така наречено овластување за итна употреба (ЕУА). Записите на ФДА покажуваат дека е поднесена апликација ЕУА за тестот, но дека сè уште не е одобрена.

Репортерите не открија докази дека Акро Биотех има продадено комплети за тестирање на коронавирусот во САД, но успеаја да најдат мноштво купувачи во странство. Новинарите ги пронајдоа тестовите на продажба од дистрибутерите во Индија, Чиле, Бразил, Шпанија, Италија, Белгија и Финска.

Тестовите за корона вирусот на Акро Биотех се продаваат во Европа со ознака „СЕ“, во која производителот се наведува како компанија со седиште во Калифорнија, според декларацијата за сообразност објавена на интернет.

Во телефонски разговор, извршниот директор на Акро Биотех, Џо Фен, ги замоли новинарите да испратат прашања по е-пошта, но не одговори на нив.

Во Италија, една од земјите најтешко погодени од КОВИД-19, националната влада ги избегна брзите тестови за антитела.

„Што се однесува до таканаречениот „ брз тест“ со капка крв, ние не ги признаваме како валидни и се држиме до мислењето на меѓународната научна заедница за тоа”, рече портпаролот на италијанското Министерство за здравство, Чезаре Букичио.

Многу локални власти во децентрализираниот здравствен систем во Италија купиле вакви тестови и покрај тоа што „јасно беа советувани против тоа“, рече Букичио.

„Можам да ве уверам дека некои региони дури мораа да ги фрлат, бидејќи тестовите не функционираат“, рече тој.

И покрај ова, тестовите на Акро Биотех се продадени на локалните самоуправи во најмалку три италијански региони. И локалната здравствена установа во градот Каглиари и болница во Неапол купиле 12.500 комплети Акро Биотех, според тендерите објавени од двете институции.

Џианфранко Тедеши, градоначалникот на Серџио во регионот Абруцо, ги купи брзите тестови на Акро Биотех за 1.700 жители на градот кон крајот на март, и покрај забелешките на регионалната влада. Тој рече дека е задоволен од резултатите.

„Нашиот скрининг откри заразени лица кои подоцна беа потврдени со тест со брис, но и антитела кај луѓе кои веќе поминале низ оваа болест“, рече Тедеши.

Во поголемиот дел од светот, проблемот треба да биде помалку поврзан со самите тестови, – што дури и скептичните научници велат дека се добри за некои работи, како што е скрининг во заедницата, а повеќе со продавачи и клиники кои несоодветно ги рекламираат и администрираат.

Во текот на истражувањето, новинарите откриле дека неколку случаи на брзи тестови се продаваат директно на клиентите од страна на трговците на малопродажба преку интернет или работат преку безбедни платформи за пораки, како што е Телеграм.

Ако сакате да откриете каде се продаваат лажно декларираните европски и американски производи, кликнете на ова мапа.

Еден онлајн дистрибутер, со седиште во Италија, продаде пакет од 25 тестови на Акро Биотех на новинарите без да провери дали се работи за медицински професионалци или добавувач на медицина – и покрај тоа што на својата веб-страница тврди дека ги следи упатствата што ја обесхрабруваат продажбата на јавноста.

Во некои случаи, не беше можно да се проследи патувањето на тестовите од производителот до продавачите. Во други случаи, новинарите беа во можност да ја следат улогата на посреднички компании и фасилитатори, чие присуство во ланецот помогна да се прикрие потеклото на тестовите и придонесе за нивна злоупотреба од страна на продавачите и давателите на здравствени услуги.

Во Македонија, тестот што го направи Зекировски го обезбеди швајцарскиот посредник, Спринг Хелткер, кој продаде 500 брендирани тестови Биозек во болницата „Аџибадем Систина“ за 8 евра од тест во средината на март, според фактурата добиена од новинарите. Тестовите доаѓаат од серија од околу 100,000 испратени од Инзек до Спринг Хелкер, изјави за новинарите извршниот директор на Инзек Хамид.

Вкупно, 50.000 тестови на Биозек биле увезени во Северна Македонија, според царинските записи. Поголемиот дел од тие пратки се случиле преку друг посредник, откако се распадна врската меѓу швајцарската и холандската компанија.

Васај Бати, консултант на Спринг Хелткер, рече дека Инзек ги довел во заблуда уверувајќи ги дека тестовите се направени во Холандија.

Не беше јасно дека тестот е целосно произведен од кинеска компанија и дека сè е направено во Кина“, рече Бати. Голем дел од дистрибутерите тврдат дека се произведува во Холандија, на кутијата пишува дека се произведува Холандија“, рече тој. „Сега на сите им кажавме дека не е Холандија туку е од Кина“.

Ова дополнително ја зголеми конфузијата: Спринг Хелтек ги продавал тесовите на Биозек под свој бренд на потенцијалните купувачи, според промотивните материјали кои ги добија репортерите од онлајн брокери. Ова беше привремена мерка користена само пред да потпишат договор со клиентите, рече Бати, со цел да ги спречи тие да го одбијат посредникот и да одат директно во холандската компанија.

Во Северна Македонија, тестот на Биозек беше искористен како дел од агресивната маркетинг кампања на болницата Аџибадем Систина, која брзо потоа падна пред регулаторите. „Брзите и ефикасни“ тестови беа промовирани преку интернет и преку платени реклами во локалните медиуми.

Во април, Агенцијата за лекови и медицински помагала во земјата (МАЛМЕД) нареди болницата да ги тргне сите реклами за тестовите, откривајќи дека болницата не успеала соодветно да и ја соопшти на јавноста ограничената клиничка корисност на тестовите, изјави директорката на агенцијата Визара Риза за OCCRP. Болницата исто така ги рекламираше тестовите без да добие претходно одобрение од МАЛМЕД, рече Визара.

Уште еден лажно негативен тест на Биозек во болницата Аџибадем Систина беше на истакнатиот новинар Гоце Михајлоски, што резултираше со само изолација на водачите на двете најголеми партии во земјата, откако заедно со него се појавија во телевизиска емисија.

Како одговор на прашањата, болницата Аџибадем Систина во изјава рече дека тестовите се користат само за масовен скрининг на заедницата. Болницата исто така, неправилно, изјави дека тестовите биле одобрени за употреба од страна на американска ФДА. Зоран Заев, во разговор со ИРЛ рече дека новинарот бил коректен и не можел да знае дали бил болен или не.

Болницата соопшти дека ги доставиле прашањата на новинарите до холандската амбасада во земјата „со цел да се заштити истакнатиот производител од земја-партнер и добрите трговски односи“.

Проблемите со тестовите Биозек не ја спречија Аџибадем Систина да ги извезува во соседна Србија. Фактурата добиена од новинарите покажува дека македонската болница продала 300 комплети за 10 евра од тест на српскиот Институт за кардиоваскуларни болести Дедиње, чиј директор е Милован Бојиќ, поранешен министер за здравство во владата на починатиот автократ Слободан Милошевиќ.

Како одговор на прашањата на новинарите, Бојиќ рече дека тестовите се испратени како донација и дека српскиот институт не платил за нив. Сепак, го искористи комплетот за тестирање на 14 пациенти за корона вирус.

Во еден случај, тестовите на Биозек патуваа по уште подолг пат. Кон крајот на март, тајната полиција на Украина, позната како Служба за безбедност, ги заплени тестовите на Биозек што биле шверцувани во земјата, наводно во контејнер за облека испратена од Турција.

Извршниот директор на Инзек, Хамид изјави дека бил во контакт со украинските власти за запленувањето, но немал идеја како тестовите може да се пренасочат кон црниот пазар.

Инзек ги испраќа своите производи до добавувачите на здравствена заштита, кои „се луѓе со различно потекло и тие продаваат во различни региони во светот, а ние не знаеме до каде“.

КЛИНИЧКИ СТУДИИ И СЕРТИФИКАТИ

СИМНИ ДОКУМЕНТАЦИЈА

Сертификат на Биозек Холандија

Клиничка студија Алтест

Клиничка студија на Спринг Хеалткер

Пакување на Биозек во Литванија

Сертификат на Биотех од Украина - клон на Биозек

Сертификат на Акробиотек во Германија

Неименувана клиничка студија идентична со останатите

Декларација за сообразност на ЕУ за Инзек

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.