Обвинителството сослушало повеќе од осумдесет отсто од сведоците – жртви на третманот со хемофилтрација во болницата „Жан Митрев“ коишто се лекувале од КОВИД 19. Според нивните проценки истрагата против болницата и докторот Жан Митрев би требало да заврши за два до три месеци. Овие информации, како и информацијата дека Митрев понудил гаранција од 1 милион евра во готовина, денеска им беше соопштена на новинарите на брифинг со главниот обвинител Гаврил…
По документарниот филм „Нечиста крв“ голем број граѓани секојдневно носат преставки до Лекарската комора со барање за ревизија на Ковид лекувањето во болницата Жан Митрев, но и за други приватни и државни клиники. И Лекарската комора и другите надлежни институции со слични оправдувања за спориот тек на надзорите и истрагите: на некој му треба време, на други проблем им се одморите. Надлежните институции се уште немаат конкретни одговори за јавноста…
Трошоците за еден болен за Ковид терапија се 35 пати повисоки од пресметаните трошоци за здравје предвидени за месец октомври во синдикалната потрошувачката кошница. Повеќе од една третина од граѓаните треба да ја дадат речиси целата своја плата за Ковид терапија и еден контролен негативен тест без којшто во приватниот сектор не можете да се вратите на работното место. Приватните болници не ги примаат итните случаи без итен тест од…