Press "Enter" to skip to content

Европа ни порача: Системот на образование е ранлив и корумпиран

Квалитетот на секое ниво на образованието е загрижувачки, а системот на образование останува ранлив на политичко влијание и корупција, стои во извештајот на Европската Комисија. Со имплементација на новиот Закон за високо образование е направен само ограничен напредок и потребни се значителни подобрувања во квалитетот на основното и средното образование.

Ниедна од мерките предложени минатата година не се имплементирани и јавните расходи за образование, обука, млади и спорт не се променети од 2018та година.

Според препораките за наредната година, земјата треба да имплементира нова стратегиска рамка за ед од политикатаукација,  поконкретно за предучилишно образование; да ја зголеми поддршката и обуката на наставници и нивниот професионален развој, како и да обезбеди ефикасен процес на проценка. Дополнително, земјата треба да го унапреди пристапот до квалитетно образование за сите, особено на предучилишна возраст, деца со попречености и деца Роми.

Една од поголемите грижи останува бројката на запишани деца во предучилишно образование. Целта на Европската Унија за едукација и тренинг до 2020 е 95% од децата да посетуваат лиценцирани предучилишни установи, додека во Северна Македонија само 30% од децата посетувале таква установа во учебната 2018/2019 година. Сепак, според извештајот, владата преземала мерки преку инвестирање во предучилишна инфраструктура и висококвалитетна обука за наставници во предучилишно образование.

Дополнително во извештајот се наведува дека приближно 10% од децата Роми, нередовно посетуваат настава во основно училиште, а бројката на отпишување од училиште е висока.

Децата и учениците со попреченост и оние од ромската заедница и понатаму се соочуваат со бариери за редовно и квалитетно образование. Минатата година Министерството за труд и социјална политика усвои одлука со која бара од општините да ги покриваат сите предучилишни трошоци за запишани деца Роми, почнувајќи од јануари 2019, но исполнувањето на оваа мерка треба внимателно да се следи. Сегрегацијата поради етничка припадност е сеуште присутна во образованието и не е евидентирано намалување на бројот на училишта каде учениците се одделени, што значи дека постои значајна бариера во поглед на интеграција.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »