Press "Enter" to skip to content

Би-би-си репортажа: Што научиле државите од поранешна Југославија од смртоносната епидемија од 1972

Во време на големи кризи како епидемиите, сите очи се свртени кон институциите на системот. Тогаш сите сфаќаат колку е важно да се има не само институции поставени на здрави темели и експертиза, туку и институции од довербва.  Системите кои се вакви учат од претходните искуства. Во време на глобална пандемија од Корона вирус, подготвивме превод на оваа репортажа од Би-би-си којашто укажува колку е важен квалитетот на институциите кои сме ги граделе за да се бориме ефикасно и да броиме што помалку жртви и загуби во борбата со КОВИД – 19. 

Оваа репортажа на Би-би-си покажува и примери како експертите од Југославија се избориле со страшната и последна епидемија од големи размери во Југославија во 1972 година. Ќе прочитате искуства и сведоштва на преживеаниот водечки експерт од за обезбедување на епидемии кој што раскажува како употребиле претходно искуство од Германија и така спровеле ефикасен карантин во Југославија.

Во 1972, тогашна Југоиславија засекогаш ќе запамети што е значењето на зборот – епидемија. Ибрахим Хоти од Косово ќе се врати од верско патување и таа година ќе го донесе вирусот големи сипаници или вариола вера. Тоа ќе се случи на почетокот на годината, а вирусот ќе биде потврден дури на 14-март. До половината на март, веќе 140 лица се заразени, најмногу од. нив на Косово, Нови Пазар, Чачак, Белрад и на северот на Црна Гора.

Прогласувањето на епидемијата, ограничувањето на движењето, формирањето карантини, итни масови и задолжителни вакцинации како на траки се дел од мерките кои се редат со цел да се победи оваа, речиси искоренета, но високо смртна болест којашто може да остави сериозни последици по државата.

Ѓула Лошонц тогаш е момче кое е во последната година во средното медицинско училиште во Суботица.

„Едноставно бевме мобилизирани: сите бевме распоредени во објектите каде што се вакцинираа граѓаните. раскажува тој за Би-би-си Србија. „Војската и полицијата беа ангажирани за да реагираат движењето на луѓето затоа што тоа им беше забрането на сите кои не се вакцинирани. На влезовите и излезите од градот беа поставени возила, на пероните со автобуси и на железничките станици не можеше да се помине без потврда за вакцинација “, се присетува тој.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ е еден од оние кои што го воделе организираниот одговор на системот  кон вариола вера, навидум безначајно латинско име кое означува опасна закана.

„Ова беше смртоносна болест, 20 до 30 проценти од заболените умираа и во историјата на цивилизацијата оваа вариола верата има убиено најмногу луѓе“, вели Радованевиќ.

Тоа било и последната епидемија од тие размери на територијата на Југославија од којашто денешните здравствени системи од поранешната федерација би можеле да извлечат поуки.

Jugoslavija, 1972. godine

Вака изгледа пациент заболен од вариола вера. Извор: Getty Images

Живот во време на епидемијата

Сликите од животот во „1972 година воглавно се разликуваат во зависност од тоа кои подрачја се блиску, а кои далеку од жариштата.

Јелена Мијовиќ имала седумнаесет години и живеела во црногорското село Мурино во коешто тукушто стигнала како невеста, а била и бремена.  Мурино е на неколку километри оддалечено од Плава, општина којашто тогаш е ставена во еденомесечен карантинг поради појавата на вариола вера.

„Не излегував од куќата, не смеев. А кој и да доаѓаше во куќата, дури и сопругот, применувавме дезинфекција. Народот се придружуваше до правилата и го почитуваше тоа што беше речено. Луѓето веруваа во тоа што им го кажуваа официјалните лица, се читаа весници и се слушаше радио бидејќи во селото имаше само неколку телевизори,“ раскажува Јелена Мијовиќ за Би-би-си.

Како и секоја трудница, Јелена имала потреба од посебна вакцина којашто во себе мора да содржи галаглобулин.

Милорад Филиповиќ во тоа време е вработен во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак чијашто главна задача е токму засилувањето на капацитетите за вакцинирање.

Вакцинација на Косово, доктор и пациент Фото: Getty images

Лекции од карантинот

Југословенската престолнина во тоа време е седиште на дури осум карантини во кои што се смесетени заболените, а на кои што сите се сеќаваат како на „добро чувани тврдини“. Други четири карантини се во болниците, а се адаптираат и хотелите за болничка нега.

Радовановиќ раскажува дека големата лекција била научена единаесет години порано, кога во Германија се јавува еден случај на вариола вера.

„Тие испразнија едно училиште, во приземјето поставија лекари и сестри, на првиот кат сомнителните пациенти, а на вториот заболените. На пример, истиот принцип ние го применивме во еден мотел во Авала, но радио врските и целата комуникација ни беше отежната поради тоа што хотелот се наоѓаше позади голем рид.“

Од тоа време датира и утврдувањето на најважната лекција за формирањето карантин – касарните и спортските сали не се погодни за овие ситуации.

„Касарните имаат големи соби и само еден санитарен чвор. Ако еден од десет во касарната се заболи, сите ќе мораат да останат во карантинот додека и последниот не оздрави, а болеста непрестајно се шири. Ние тогаш сместувавме луѓе во двокреветни соби, па понекогаш втората личност мораше да остане подолго. Идеално би било кога би биле сместувани во еднокреветни соби,“ раскажува Радовановиќ, еден од тогаш водечките експерти за обезбедување на епидемии.

Доктор Зоран Радовановиќ

Што научивме

Борбата со вирусот во целата држава траеше речиси два месеца, а последниот преживеан од болеста болницата ја напишти на 19 мај 1972 година. Ибрахим Хоти преживеал затоа што претходно бил вакциниран против мали сипаници и поминува со полесна форма на болеста. Ефикасниот одговор на државата и општеството успева да го задржи бројот на мртви на 40.

За Ѓула Лошонц, клучно за намалување на стравот и успех во борбата со епидемијата било сериозноста во пристапот.

„Впечатлива беше дисциплината – луѓето трпеливо чекаа во редици, доаѓаа на вакцинација свес и за сериозноста на ситуацијата.“

„Имавме заштитни маски, бевме сигурни дека се владее со ситуацијата и дека тука нема простор за грешки. Се околу нас упатуваше на тоа дека системот е добро уреден и поставен и дека се знаело кој, кога и како може да биде вакциониран, како се следи успехот на вакцинацијата и како да се ограничи движењето.“

Граѓаните на Југославија за време на вирусот учат и важни лекции за хигиената, ќе раскаже Јелена Мијовиќ. Лекции научија и епидемилозите и здравствените институции. Доктор Радовановиќ истакнува дека тогашна Југославија по многу стандарди била релативно близу до западните стандарди за вакви ситуации.

„Тогаш луѓето и веруваа во здравствениот систем, веруваа во докторите и авторитетите, тоа беше важна разлика“.

„Сега не веруваат никому затоа што 30 години се лажени и влечени за нос, па не веруваат ни во доктори, ни во авторитети, ни во здравствените власти и, за жал, таа скепса почесто не е неоснована“

Вистината како оружје против вирусот

Едно од главните оружја во победата со вариола верата ќе остане принципот кој е универзално применлив насекаде, а тоа е да се кажува вистината.

„Клучно е дека морате да се држите до вистината, да ги почитувате граѓаните и да не ги замајувате”, ќе заклучи доктор Радовановиќ.

Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »