Press "Enter" to skip to content

Наумовски пред вратата на критичарката од Волково: Еве кај живее госпоѓата, нема кал

„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од сред село накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“

Вака една жителка од Волково го пречека градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски кој кај Волковчани дојде со висок гостин – премиерот и неговиот партиски шеф, Зоран Заев. Тие двајцата, како што самите кажуваат, дошле да “вршат контрола врз градежните работи за спортската сала во Волково”. Избувнува расправија за којашто медумите веќе известуваат во голем број. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, под чија што администрација е и Волково, решава да и докаже на жителката и на јавноста дека тоа не е така. Порталот “Фокус” објави негово видео во кое што тој враќа на критиките.

Видеото на градоначалникот е снимено од некој кој што му асистира, додека тој стои пред една шахта на една мала и неугледна улица во инфрастуктурен поглед. Камења, прекопи и отсјај од водата измешана со песок и камчиња од врнежите.

“Значи, еве ја шахтата, еве го прекопот на улицата, стои тој додека зборува покрај шахтата, а потоа преминува од другата страна на улица. Тука завршува асфалтот и тој почнува да чекори по неасфалтиран широк терен покриен со нешто што личи на мешавина од камења, земја и песок. Камерата го снима додека чекори, а тој уверува дека се работи за сосема мало растојание помеѓу асфалтот и влезната врата на жителката на Волково.

“Во меѓувреме ние како општина направивме сме завршле работа со гребен асфалт…нема кал никаде, значи станува збор за некои пет шест метри”, вели тој и веќе е пред вратата на жената. Пробува да ја отвори портата и заклучува дека домаќините не се дома веројатно, со што видеото завршува.

Кога сте веќе на нашата страница, прочитајте го последното меѓународно истражување на ИРЛ

Тајниот план на Груевски за македонски офшор се правел со лондонска фирма која перела пари за Иран

 

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »