„Постои огромно единство во СДСМ. Вчерашната дебата покажа дека такви одлуки се носат во една силна демократска атмосфера. Имаше различни ставови за различни политики. И претходно имало членови кои различно дискутирале од претседателот Заев. Но имаме огромно единство, нашата цел е победа на следните парламентарни избори рече за 1тв Љубчо Николовски , новиот генерален секретар на СДСМ којшто доаѓа на местото на Александар Кирацовски. Овој дипломатски одговор дојде по новинарското прашање дали е тој човек од наводното крило на Радмила Шеќеринска, или пак, она на партискиот претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Промените внатре во партијата се резултат на операцијата „Метла“ којашто ја најави премиерот Зоран Заев, а која што треба да вклучи промени и во владата и менаџерските позиции во јавните претпријатија и државни институции.
Пред да ги разреши генералниот секретар и потпрестедателите, Заев ги разреши и сите претседатели на општинските ограноци.
Поврзани стории
Општинските претседатели на СДСМ за метлата на Заев – сè за шефот, па и оставка