Press "Enter" to skip to content

Груевски „потрошил“ 25 милиони евра во „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“

Околу 25 милиони евра им дала Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски на телевизиите „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа ТВ“, во периодот од 2010 до 2017 година, објави „Призма, повикувајќи се на податоците од владината датабаза Отворени финансии.

Од вкупните 26.6 милиони евра за рекламирање во телевизиите, дури 25 милиони евра отишле кај овие три национални телевизии.

На врвот е „Сител“, која инкасирала 10.2 милиони евра државни пари, потоа „Канал 5“ „земала“ 8.5 милиони евра, додека „Алфа ТВ“ добила 6.3 милиони евра, од кои најголем дел од 2013 година наваму.

За истиот период, останатите две национални телевизии „Телма“ и „Алсат“, добиле околу 859.000 и околу 545.000 евра.

Доминантен дел од парите, преку 90 %, Владата ги дала директно од својот буџет, од ставката „други трансфери“, а министерствата и владините секретаријати придонеле со само неколку ситни проценти.

Сумите кои Груевски ги доделувал на трите ударни пропагандни медиуми се предмет на интерес подолго време. На почетокот од својот мандат, Владата предводена од СДСМ објави дека власта на ВМРО-ДПМНЕ вкупно потрошила 38 милиони евра за кампањи и за пропаганда во електронските и во печатените медиуми.

Ако се погледнат листите на потрошени пари, максимумот при трошењето е достигнат во 2015 година пред промената на власта, односно околу 5.6 милиони евра, а во 2017 година, оваа сума е намалена на околу 195.000 евра. Во 2018 и во 2019 година, кога со власта управува СДСМ и коалицијата, владата и министерствата немаат трансфери кон националните медиуми.

Додека сте овде, не ги пропуштајте и овие поврзани теми:

Орбан во пропагандна офанзива во Македонија

Од Белизе до Будимпешта: Нови играчи во шопинг на медиуми во Македонија

Отплеткување на пајажината

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »