Проверено ЕП.14 – Орбан во пропагандна офанзива во Македонија
Со години лажеа. Ширеа говор на омраза. Потпалуваа тензии. Ги етикетираа критичарите на Груевски и учествуваа во едни од најсилните поделби на граѓаните. Сето тоа во име на лидерот. Но, медиумите на Груевски добиваат нови сопственици – луѓе блиски до унгарскиот претседател Виктор Орбан. Што сакаат политичките пријатели на ВМРО-ДПМНЕ купувајќи медиуми на Балканот? Кој и зошто би го окрупнувал пропагандниот медиумски фронт во регионот?