Press "Enter" to skip to content

Депонијата „Дрисла“ од денеска во сопственост на Град Скопје

Депонијата „Дрисла“ од денеска се враќа во сопственост на Град Скопје. По речиси седум години судски постапаки меѓу компаниите кои сакаа да бидат приватен партнер во најголемата депонија на Балканот, Градот Скопје на денешната седница на Советот донесе одлука „Дрисла“ да работи без концесионер и да биде под капата на Градот.

Советниците од Градот денеска гласаа за две одлуки. Првата со која бара поништување на одлуката со која е Дрисла во јуни оваа година му беше дадена под концесија на германскиот конзорциум „Шолц“, а втората одлука е онаа со која се поништува јавното приватно партнерство и Дрисла се враќа во сопственост на Градот.

Како што стои во образложението на одлуката, причината за ова, е тоа што „Шолц“ во законскиот период од 30 дена не се јавил да склучи договор за земање на Дрисла под концесија.

„По 8 години правни игри, шпекулации и перипетии успеавме Градот да го извадиме од тие лавиринти и конечно да ја исчистиме состојбата со претходната контраверзно водена постапка за депонијата. Откако „Шолц“ не достави известување дека постои фирма со која ќе склучиме договор, се создаде правна можност постапката да се поништи и после 8 години да здивнеме сите од проблемот Дрисла“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница.

Градските власти се уште не кажуваат дали во иднина ќе се бара нов конесионер за Дрисла или пак Градот ќе ја управува како јавно претпријатие.

Градоначалникот Шилегов рече дека прво ќе направи комплетна проверка и скенирање на работата на депонијата, за да се види дали дали е потребен партнер за да се вложува во нови капацитети.

На првиот повик за концесија на Дрисла во 2012 година се пријавија три компании – германската „Шолц“, италијанската „ФЦЛ Амбиенте“ и австриската АСА Интернешнел.

Во јануари 2013 градската власт соопшти дека најповолна понуда имала италијанската „ФЦЛ Амбиенте“. Австриската компанија веднаш се откажа од борбата, но германската „Шолц“ поднесе тужба до Управниот суд. Од тогаш па до сега, двете компании меѓусебно се жалат и тужат на секоја одлука што ќе ја донесе Судот.

Поврзани приказни: 

Ниту денар инвестиција во Дрисла, а Италијанците се подготвуваат да произведуваат струја

Со Дрисла ќе стопанисува германско-хрватски конзорциум кој вклучува и Хрвати апсени за организиран криминал

 

Кога веќе сте на нашата страница, прочитајте ги и нашите последни истражувања:

Привилегирани ѕверки

Привилегирани ѕверки: Чии се летните клубови

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »