Press "Enter" to skip to content

Привилегирани ѕверки: Чии се летните клубови

Лица од бизнисот, политиката и естрадата го држат просторот за диско клубови во Градскиот парк. Работат нелегално и без договори и лиценци, но се надвор од радарот на институциите, кои дејствуваат во нивна заштита. Вработени во фирмата на заменик градоначалникот на Град Скопје и советник, Енвер Малиќи, како и поп ѕвездата и бизнисмен Дарко Гелев Брејк се дел од лицата вмешани во овој бизнис. Ниту Трајановски, ниту Шилегов не се замерувале со кафеанџиите од Градскиот парк ниту ги спроведувале законите. Хаосот и безаконие во име на интерсите на малкумина се случува на 100 метри од седиштето на општината во срцето на Скопје. 

Зошто ја работиме оваа приказна

Истражувачката репортерска лабораторија известува за проблемите кои се од стратешки интерес на граѓаните – владеењето на правото и борбата со корупција. Наша мисија е да известуваме и да ги истражуваме приказните коишто се важни за граѓаните, а никој не ги прави поради доминантното влијание на дневната политика во медумискиот пејсаж. По моделот кој што го користат нашите партнери во Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, и почитувајќи го начелото на транспарентноста, сметаме дека е наша должност да им објасниме на граѓаните и како ги бираме темите и зошто ги сметаме за важни за јавниот интерес.

Ноќниот живот и јавниот интерес

Првата мисла која ви поминува низ глава кога ќе се спомене фразата ноќен живот е – едноставно забава. Ноќните клубови се места каде што се опуштаме. Но, ноќниот живот е и економија. Таму се пресретнуваат моќни индустрии како тобако и алкохолната индустрија. За двете индустрии е карактеристично што во нив доминира мала група транснационални компании кои контролираат повеќе од половина од светскиот пазар. Затоа овие две индустрии, според проценките на многу видни владини и невладини меѓународни извештаи, претставуваат голем предизвик за голем број влади во светот, дури и во развиените демократски држави. Особено е тешко за неразвиените и земјите во развој. Ваквите држави во кои што владеењето на правото е проблематично, мора да се борат на два фронта. Од една страна се моќните корпорации со речиси неограничени ресурси за лобирање и, од друга страна е организираниот криминал. Мафијата историски секогаш се стремела да го контролира во одредена мера ноќниот живот бидејќи тој им овозможува многу бенефити: од пазар на нелегални наркотици до низа креативни начини за перење на валканите пари.

Од друга страна, ноќниот живот зборува многу и за самото општество. Угледни светски експерти – социолози ќе речат дека диверзитетот и живописни сцени од градскиот ноќен живот придонесуваат за развојот на културата, како и на прогресивните политички движења. Се на се, колку повеќе избор, колку повеќе понуда, толку повеќе креативно вклучени граѓани, толку поквалитетен живот.

Притисоци

Ноќните клубови во Градскиот парк во Скопје како тема се наметнаа при случајна проверка на податоци за друга приказна врзани со работата на јавното претпријатије „Паркови и зеленило“. Откривме хаос, незаконитост и негрижа во стопанисувањето со градскиот имот во срцето на паркот – просторот на стариот Луна парк. Во првиот дел од истражувањето фрлиме светло врз работата на, во јавноста малку позната фирма „Луна Дооел“ основна од Градот Скопје, односно од Паркови и зеленило. При работата на вториот дел, се соочивме со закани и со притисоци кои што ги пријавивме во Меѓународната мрежа за известување за организиран криминал и корупција чијашто членка е ИРЛ – Македонија, во Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и  во Здружението на новинари на Македонија кое што испрати допис до сите релевантни меѓународни и домашни институции. Во интерес на безбедноста на нашите новинари, не сме во можност да споделиме повеќе детали. Во продолжение прочитајте го вториот дел од случајот „Привилегирани ѕверки“ во продукција на ИРЛ.

Пишуваат:  Давид Илиески и Александра  Денковска Гоцевска 

Прочитајте го првиот дел од Привилегирани ѕверки – Хаос и беззаконие во Градскиот парк

(ВИДЕО) Градот Скопје без оглас ќе дели договори на летните клубови кои и онака си работат без нив

Саботна треска во Градскиот парк

Три децении секое лето скопјани се туркаат со автомобилите во викенд вечерите во Градскиот парк. Ноќниот живот во јуни од урбаниот центар се сели во Градскиот парк. Во Скопје важи непишаното правило дека не си „битен“ на ноќната клубска сцена, ако немаш летно продолжение на клубот во Градскиот парк. Зоната во стариот Луна парк е најголемата и најатрактивната. Некогаш таму се собираа важни имиња од светската клубска сцена и се одржуваа живи свирки преку кои се негуваше македонската клубска сцена. Денеска, може да чуете измешани звуци на турбо фолк музика или да начекате настап на Наташа Беквалац, на пример. Тоа, измешано со звуците на техно музика за широките маси. Со чест на ретките исклучоци, просторот во Луна паркот често е критикуван дека е престорен во центар на шундот. Се постави прашањето чии се ноќните клубови и кој ги менаџира? Ако низ градот се вртат едни имиња, на хартија фигурираат други.

Истражувањето на Истражувачката Репортерска Лабораторија открива дека во центарот на Скопје, на само стотина метри од кабинетот на градоначалникот, опстојува не само забавна, ами и сива зона во која што правилата и законите не постојат. Документите покажуваат врски со моќни лица од политичкиот живот. Хаосот и безаконието почнале во времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски, а продолжуваат и денеска со Петре Шилегов. Фирмата основана од институциите „Луна дооел“ којашто е формирана за да воведе ред, дополнително направила повеќе проблеми. На територијата на стариот Луна Парк во моментов оперираат четири ноќни клуба -Хавана, Кабрио, Соулд 091 и Привилиџ. Во минатите години овде работеа клубови со различни имиња – од ХЛ, Батлер, Колосеум итн. Закупците на земјата секогаш биле исти, но оние кои во реалноста оперирале со клубовите во повеќето случаи се други лица. Во последните три години ниту еден од овие ноќни клубови кои се на земјата на „Паркови и зеленило“ нема лиценца за работа бидејќи Градот не им дал договори. Пазарната инспекција доаѓала, но никој не бил спречен да работи. Иако лиценците биле на име на едни фирми, од клубовите печалеле други кои немале никаков договор со градските институции. Сега Градот се впушта во прва помош за спас на ноќните клубови и ќе им доделува договори. Но, зошто толку галама за она што претставува мала ноќна забава?

Хавана

Хавана е првиот ноќен клуб од влезот на стариот Луна парк. Единтвениот кој уште од самото отварање не го променил брендот и сопствеништвото. Зад објектите и земјиштето на кое се наоѓа Хавана стои фирмата ПМД-КОМ ДООЕЛ од Скопје со управител Марк Перкпалај.

Последниот годишен договор кој фирмата го има склучено за закуп на земјиштето со Градот е во 2015 година, и тоа за површина од 275м2 плаќала закупнина од околу 2500 евра за сезона. Иако од 2015 до денес, нема склучено нов договор за закуп на земјиштето, тимот на ИРЛ го посети ноќниот клуб. По нарачаниот пијалок побаравме фискална сметка – на неа можеше да се види дека оперира истата фирма којашто и оригинално го склучила првиот договор.

Последата лиценца за работа на ноќен клуб која Хавана ја добива е во 2016 година. Нејасно е како успеале да добијат лиценца за работа, кога немале валиден договор за закуп на земјиштето. Според Законот, Министерството за економија е надлежно за издавање лиценци, но тие не можат да се издадат ако не постои договор. Репортерите на ИРЛ разговараа со Министерството кое не упатуваше во Државниот пазарен инспекторат. Одговори не добивме, само префрлање на одговорноста во нејасни обиди да објасни што прават.

За тоа како и кој ги оставил да работат без договор и дали воопшто плаќале некому во годините за кои немале договор, институциите не даваат одговор. Зборувавме и со управителот на „Хавана“.

„Јас во оваа фирма само фигурирам како сопственик, инаку сум само менаџер“, ни рече Прекпалај.

По разговорот, му испративме прашања за нејасната ситуација и за тоа кој навистина стои зад овој клуб, но не добивме повратен одговор.

Фирмата „ПМД-КОМ”, освен ноќниот клуб „Хавана“ поседува уште еден угостителски локал. Ресторанот „Соул кичен“ кој се наоѓа на Кејот 13 Ноември.

Кабрио

Следен во редот, до Хавана, се наоѓа ново отворениот ноќен клуб „Кабрио“ кој со работа започна лани – доцна во летната сезона. Земјиштето и објектите на поранешниот славен клуб „Кабрио“ со години стоеја во руинирана состојба без никој да се погрижи да тие повторно заживеат. Лани, тивко, без никаков оглас, непозната фирма започна со реконструкција на ноќниот клуб.

Фирмата која го отвори ноќниот клуб, нема ниту лиценца, ниту пак договор за закуп на земјиштето. Одговорот кој го добивме од институциите е дека тука работи фирмата „СРС Трејд“ од Скопје, а сопственик и управител е извесен Томислав Ивановски.

Како ова диско почнало да функционира без договор за закуп и лиценца за работа никој не умее да одговори. До Општината Карпош, која што е надлежна за инспекциски надзор во Градскиот парк, испративме прашања дали издале градежна дозвола на овој клуб и дали додека траеле градежните работи извршиле инспекциски надзор. Од таму добивме одговор дека во конкретниот клуб „Кабрио“ не се изведени поголеми градежни активности, туку преземените активности од нивна страна се во склоп на постоечкиот габарит и простор.

Старо Колосеум

Она што денес е останато од култниот скопски клуб „Колосеум“, кој со години беше едно од најпопуларните места каде младите се забавуваа во летните ноќи, се два посебни клуба кои во последните години неколку пати го променија и брендот и сопствеништвото.

Некогаш култното диско не работи со години. На негово место никаа два помали клуба

Денес се познати како XL (Икс Ел) и Соул 091. Двата работеле со различни фирми иако оригиналните договори за закуп ги имал друг. Двата клуба од почетокот на нивната работа па до сега, ниту еднаш досега немаат добиено лиценца за работа.

Договорот од 2015 година е склучен со фирма „СС Инвест“ од Скопје со управител Зоран Столевски во градот познат како Зоки Свила. Колосеум се простира на површина од 1.902м2, а за истото „СС Инвест“ плаќала околу 15.000 евра закуп за една сезона. Кога тимот на ИРЛ стапи во контакт со Столевски тој ни кажа дека веќе три години е излезен од работата со ноќниот клуб и не сака да коментира ништо повеќе, „затоа што тоа што се случува таму е хаос“.

Енвер Малиќи и Саше Коњ

Сашо Лазаревски викан Саше Коњ лево, до него е синот на Енвер, Алтин Малиќи во друштво на лица од естрадата.

Во комуникација со институциите кои се надлежни да го средат овој хаос добивме информацја дека на оваа локација последна фирма која работела е „Батлер“ од Скопје со управител Сашо Лазаревски. Истата фирма оперира со клубот „Соул 091“. Се служат ексклузивно пијалоци и цигари увезени од компанијата на заменик градоначалникот Енвер Малиќи – „Гемак Трејд – Енвер“. На хартија, сопственик е извесен Сашо Лазаревски. Но, ИРЛ откри дека Лазаревски, според податоците на Агенцијата за вработување, тој повеќе години работи во „Гемак“ и е долгогодишен соработник на синот на Енвер Малиќи, Алтин Малиќи.

Во телефонски разговор  Алтин Малиќи рече дека тие немаат ништо со оваа проблематика.

„Јас немам ништо со дискотеките, сопственик е Сашо Лазаревски и најдобро за оваа тема да контактирате со него“, ни рече Малиќи и ни даде контакт телефон од Лазаревски.

Лазаревски ни испрати порака дека е на одмор во Грција и дека ќе не исконтактира за две недели откако ќе се врати од одмор. На неговата порака му рековме дека сторијата ќе се објави и дека прашањата можеме да му ги пратиме по смс. Се согласи и вети дека ќе ни одговори. По неколку дена молк, му испративме уште една порака на што тој ни одговори дека неговиот тим ќе не исконтактира. До објавување на оваа сторија одговори не добивме.

Фотографија од клубот „Соулд 091“. Изгледа речиси исто како клубот „Батлер“ којшто оперираше претходно на оваа локација. Десно може да се забележи рекламен материјал на „Гемак

Привилиџ

Последна дискотека, која се наоѓа од задната страна на стариот Луна парк и гледа кон кејот на реката Вардар е Централ парк – Привилиџ. Во времето кога ова земјиште не е атрактивно за газдите на ноќните клубови, Луна ДООЕЛ го доделила на фирма „АЈ М ДОО“ во замена за изградба на мини голф терени.

Во 2003 година е потпишан еден договор според кој фирмата го добила земјиштето под закуп на пет години за 1500 евра годишно, а во 2005 година е направен анекс со кој фирмата за нејзините инфестиции е ослободена за плаќање кирија за пет години, а по завршувањето на изградбата договорот за закуп да се смета за продолжен со важност од 19 години.

Синот на директорот на Луна Доел управувал со фирма каде што таткото делел договори

Тогаш сопственик на фирмата бил Атанас Петров, а нејасано е како земијиштето е доделено на толку долг период. Една од работите која може да го објасни истото е дека во 2007 година како управител на фирмата доаѓа Бојан Атанасиевски, син на Миодраг Атанасиевски, директорот на Луна ДООЕЛ под-фирмата на ЈП Паркови и зеленило која ги склучува договорите.

Миодраг Атанасиевски исто како и за другите наши прашања поставени во првиот дел од ова истражување одби да коментира.

Пресвртот се случува во 2009 година кога како сопственик на „АЈ М” доаѓа Дарко Гелев познат како Брејк, а земјиштето наместо мини голф терени станува ноќен клуб кој неколку години работи без да плаќа никаква закупнина на основ на потпишаниот договор во 2003 година. Неколку години подоцна, Луна ДООЕЛ сакаат да го раскинат договорот поради, како што може да се види од дописите, неисполнување на обврските за изградба на мини голф терените, по што започнува судски спор меѓу двете фирми.

Додека договорот се уште не е раскинат, Луна ДООЕЛ во 2013 година потпишува договор со нова фирма. Овој пат склучуваат годишен договор за закуп на земјиштето со „МАРМАКС ГРУП ДООЕЛ” . Фирма основана во 2007 година, тогаш под името „МЕТРОПОЛИС РАДИО ДОО” на која што, исто така, во јавноста за сопственик важи Дарко Гелев – Брејк.

Брејк

Оттогаш Луна ДООЕЛ подолжила да склучува годишни договори со „Мармакс Груп Доел”, а последниот е потпишан во 2015 година, каде за површина од 1218м2 фирмата плаќала околку 11.000 евра за сезона. Нејасно е како Луна ДООЕЛ за земјиште за кое веќе имало договор на 19 години, склучила договор со нова фирма. Сопственик на новата фирма, „Мармакс”, е извесна Николина Јакимова. Но, во Централниот регистар на компании беше оставена емаил адресата на популарниот Брејк.

На нашите прашања Дарко Гелев одговори дека тој е содружник во „АЈ М”, а дека прашањата се однесуваат на фирмата „Мармакс”.

„Како содружник во Друштвото АЈ М ДОО Скопје, Ве известувам дека врз основа на Договор за отстапување на побарувања и пренос на права од 2015 година, АЈ М ДОО Скопје, како Отстапувач, му ги отстапува на МАРМАКС ГРУП ДООЕЛ Скопје, како Примач, сите побарувања, права и обврски што АЈ М ги имал како Закупувач спрема Закуподавачот Луна ДООЕЛ Скопје.

Исто така Ве известувам дека прашањата од Вашиот е-маил се однесуваат на договор/и меѓу Луна ДООЕЛ Скопје и правниот субјект МАРМАКС ГРУП ДООЕЛ Скопје, па од тие причини, јас како содружник на АЈ М ДОО Скопје, не би можел да дадам одговор“, ни одговори Гелев.

Сакавме да разговараме со Гелев и да утврдиме кој точно е сопственик на оваа фирма и како таа оперира во моментов имајќи предвид дека на просторот на „Мармакс” оперира сосема друго друштво кое што го води клубот „Привилиџ“.  Го пронајдовме едно рано утро неделава во кафулето каде што редовно пие кафе.

Тој овој пат седна со нас и ни објасни дека во моментов води судиски спор со Луна ДООЕЛ, за кој ќе бара отштета од Градот поради тоа што тој иако има инвестирано во објекти, Луна ДООЕЛ сака да го раскине договорот. Неговото сопствеништво во „Мармакс Груп” повторно одби да го коментира, дури и откако го соочивме со заборавената електронска адреса.

„Маилот ништо не значи на Суд“, кратко рече Брејк.

Биљана Супер Лајт

Иако договорот за закуп е на „Мармакс”, во клубот оперира друга фирма. Репортерите на ИРЛ беа во дискотеката и купија пијалоци со цел на сметката да го прочитаат правното лице кое оперира со шанковите. По долги препирања, добивме фискална сметка, првата во полниот клуб издадена во 02:17 часот. Ова диско е често полно и единственото од кое што ечи турбо фолк музика.

Централ парк – Привилиџ

Сопственичка е Биљана Дичевска од скопската населба Аеродром. Целосно нова фирма која нема ниту договор за закуп на земјиштето, ниту лиценца за работа на ноќен клуб. Подружница на оваа фирма е Кафе барот Манго во скопската населба Кисела Вода.

За ова Гелев вели дека они не го реиздаваат просторот, туку само си склучиле договор за соработка.

Нов оглас

Откако речиси половина сезона, летните дискотеки кои се наоѓаат во Градскиот парк работат без договори за закуп и без лиценци за работа, денеска ќе се одржи наддавање за просториите кои и онака веќе ги користат. До ова дојде по пишувањата на ИРЛ и дебатата којашто нашата прва приказна ја предизвика на советничка седница. Градот прво сакаше без оглас да дели договори. По реакциите во јавноста, набрзина организираа јавно наддавање кое ќе се случи денеска.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ минатиот петок во дневниот весник „Нова Македонија“,го објави огласот за давање под закуп на земјиштата во парк.

Во моментов во Градскиот парк функционираат пет дискотеки, а огласот е распишан само за четири.

За „Кабрио“ кое има површина од 1.161 метри квадратни, а почетна цена на наддавањето ќе биде 10.000 евра. За „Привилиџ“ со површина од 1.218 метри квадратни ќе се наддава од 11.500 евра, за локацијата од 1.902 метри квадратни каде што порано беше „Колосеум“, а сега работат „XЛ“ и „Соул 901“ќе се бараат 15.500 евра, додека за најмалата дискотека од 275 метри квадратни – Хавана наддавањето ќе започне од 3.000 евра.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.