Press "Enter" to skip to content

Заев: Владата започнува војна со дезинформациите и лажните вести

Со едукација на новинарите, медиумските работници, администрацијата за тоа колку штета на една демократија можат да направат дезинформациите, Владата ќе објави војна на лажните вести и дезинформациите. Ова денеска на прес-конференција го најави премиерот Зоран Заев и вети дека Владата ќе почне активно да го решава проблемот со лажните вести и ширењето на дезинформациите.

„Дезинформациите се едни од главните предизвици на демократијата и алатка која се користи за манупулација на граѓаните. Македонија во изминатите години во повеќе наврати се соочи со ширење на дезинофмрации во медиуми и социјални мрежи. Од веб страниците со лажни вести за изборите во САД до она што се случувало и се случува кај нас. Поради тоа, владата работи на акциски план за справување на дезинформациите. Предлог-акцискиот план е сублимат на процеси. Тоа значи започнување нова фаза во спроведување со зафатите на демократијата, креирање нови безбедносни протоколои, надградба на безбедносните протоколи на сите службеници“, рече Заев.

Тој пред новинарите презентираше низа мерки кои се планирани како дел од решението на овој проблем.

Акцискиот план ќе содржи безбедносни и проактивни мерки. Безбедносниот дел ќе се состои од ревидирање на постоечките и креирање нови внатрешни безбедносни протоколи и нивна надградба за безбедно користење на интернет, службена електронска пошта и службен мобилен телефон.

„Како што ја информиравме јавноста, јас веќе користам нов телефонскиот број и нов мобилен апарат, со дополнителен безбедносен протокол за дигитални комуникации. Ќе воспоставиме и протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, за брзо и точно спротивставување на дезинформациите, кои се шират преку социјални медиуми и интернет порталите, во интерес на вистината и јавниот интерес“, додаде премиерот.

Во делот за проактивни мерки, Заев најави мерки кои ќе бидат преземени за активна транспарентност со цел владата да ја доближи работата до граѓаните. Листа на документи и информаци, кои ќе треба да ги објавуваат и ажурираат, а Владата на својата веб страна ќе одговарала на прашања на граѓани и медиуми.

Ќе се спроведува едукативна програма за дезинформациите и нивното штетно влијание. Медиумската писменост ќе биде застапена во образовните програми а владата ќе биде активен партнер на граѓанскиот сектор во спроведување програми и тренинзи за медиумска писменост, и ќе спроведува и едукација за медиумска писменост на вработените во државната администрација. Ќе поттикнеме дискусијата помеѓу медиумите, медиумските здруженија и граѓанскиот сектор, со цел саморегулација, ко-регулација и утврдување на медиумски стандарди за интернет порталите, согласно препораките на Европската Комисија и Советот на Европа“, изјави Заев.

Тој најави и дека Владата ќе воведе јасни критериуми за медиумите кои се акредитирани да ги следат владините настани и прес конференции, во согласност со стандардите на новинарската професија

 

Кога сте веќе на нашата страница, прочитајте ги истражувањата на ИРЛ на тема лажни вести.

Орбан во пропагандна офанзива во Македонија

Тајните играчи од САД позади македонските „фејк њус“ велешки сајтови

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »