Press "Enter" to skip to content

Заев: Децата на функционерите треба да имаат еднакви можности за вработување како другите ако се е според систем на заслуги

Децата на функционерите треба да имаат еднакви можности при вработувањата, а не да бидат третирани како граѓаните од втор ред, ова во кажа премиерот Зоран Заев во заедничко интервју со министрите Дамјан Манчевски, Мила Царовска и Венко Филипче во емисијата „Отворено студио“ на јавниот сервис емитувана вчеравечер, петок.

“И ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкрурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора да бидат транспарентни, јавноста да знае дека ги исполнуваат потребните критериуми и се соодветното работно место. Не смее, дополни, тие да бидат третирани како да се од „втор ред““, рече тој одговарајќи на прашање во врска со аферите за непотизам.