Press "Enter" to skip to content

Во кусо соопштение без детали МВР вели дека спречиле напад од поддржувачи на ИСИС

Полицијата спречила терористички напад од „поддржувачи на ИСИС кои истиот  го планираме во Република Северна Македонија“, ова вечерва го соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) во кус допис до медумите. Од МВР велат дека вечерва се правеле претреси и заплени во акција во соработка со неименувана земја партнер. (Фото: Антитерористичка акција на МВР 2018 година)

Полицијата не соопштува каде се планирал  нападот, колкумина се приведени во акцијата или каде биле вршени претресите. Од прес службата на Министерството за внатрешни работии велат дека ова е се што засега можеле да споделат.

„По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад. Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, стои во соопштението на МВР.

Во 2015 година полицијата ја спроведе  антитерористичката акција „Ќелија“ во којашто беа уапсени 9 лица осомничени за организирање и врбување на припадници за паравоените формации на блискиот исток,  додека 27 останаа недостапни. Сите уапсени беа осомничени се македонски државјани и од различна националност. Во 2018 година 7 лица осомничени како борци во ИСИС беа уапсени по меѓународна потерница на САД.

Според напис на неделникот „Фокус“, неофицијалните бројки до 2018 гоодина говорат дека на страната на ИСИС има околу 15 активни борци од Македонија, вкупниот број на лица кои заминале во Сирија, се вратиле, биле логистика, идеолози или загинале е 156. Од нив повратници се  83. Во затвор во Турција има три лица, во македонските затвори 23, а 57 се на слобода. На боиштата за Исламската држава загинале 35 македонски државјани. На боиштата во Сирија заминале и 9 жени од Македонија кои таму родиле и деца.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »