Press "Enter" to skip to content

Само 9 проценти од светската популација живее во држави со слободни медиуми

На денот на Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓународната организација „Репортери без граници“ посочува дека помалку од десет проценти од светската популација денес живее во држави каде што новинарите работат во поволни услви и им е дозволено непречено да ја вршат својата должност слободно и независно.  

Само за 9 проценти од жителите на планетата ,состојбата со слободата на печатот е или добра или задоволителна –  според методологијата на оваа организација, тоа се државите кои што на Светската мапа на слободен печат се обоени со жолто или бело. Седумдесет и четири проценти од глобалната популација живее во држави каде што мапата во 2019 година е црна или црвена или во држави каде што овие состојби се многу сериознии, а слободата е тешко задушена. Во актуелната глобална криза со фундаменталните слободи, црните и црвено обоени држави не се повеќе само Кина, Русија и Саудиска Арабија, туку и држави кои важат за демократски, вклучувајќи ја Индија и Мексико. Ако се вклучат и државите обоени во портокалово каде што ситуацијата се смета за проблематична, оваа бројка стига до 91 процент.

„Ниту еден од најголемите светски проблеми кои го мачат човештвото, без разлика дали тоа се климатските промени, корупцијата или нееднаквост – не може да биде решен без слободно, независно известување на медиумите, односно без квалитетно новинарство“, вели генералнииот секретар на „Репортери без Граници“ Кристоф Делоар. „Ситуацијата е многу загрижувачка за новинарите, но и за  сите оние човечки животи на кои им се негира правото на информирање“, додава  тој.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »