Press "Enter" to skip to content

Коцијанчич: Слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска ги потсети сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите  е од посебна важност за ЕУ..

Европската Комисија, преку портпаролката реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Е

„Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите – вели Коцијанчич.

Таа додаде дека за Европската Унија е многу важно новинарите да можат да си ја извршуваат задачата во атмосфера која им овозможува да работат.

Таа за МИА исто така додаде дека Унијата очекува сите наводи за можна злоупотреба на јавни фондови да бидат предмет на истрага од страна на надлежните тела.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »