Press "Enter" to skip to content

Економските реформатори во потера по сонцето

Зоран Заев и Кочо Анѓушев беа позната политичка и бизнисменска двојка додека заедно ја водеа владата со фокус на реформи во економијата. На влегување ветија економска пролет, на излегување ги дочека енергетска катастрофа. Во истата и двајцата видоа шанса, а Законот за енергетика кој го истуркаа додека беа на Илинденска се покажа инспиративен – и едниот и другиот на различен начин ќе ги ползуваат бенефитите од стратешките инвестиции во сончевата енергија. Анѓушев како стратешки партнер на владата со старо нова фирма, а Заев со синот Душко ќе го направи првиот чекор во бизнисот со струја – и тоа не било каква, туку произведена од сонце. 

Пишува: Бојан Стојановски; Илустрација: Лука Блажев

Македонија често добивала бизнисмени за вицепремиери и премиери. Тие речиси по правило доаѓале од крупниот бизнис. Партиите ја правдаа логиката на овие потези со наводниот неспорен потенцијал на крупниот бизнис да и помогне на државата да ја реформира економијата. Хари Костов се задржа како премиер помалку од година, а Минчо Јорданов му беше вицепремиер за економија на мандаторот Владо Бучковски. Јорданов од владата излезе побогат и си обезбеди лесна трансформација на најмалку две државни претпријатија, а не постои сеќавање дека сработил било каква крупна или ситна државна реформа.

Кога во мај 2017 по долги и тензични преговори и насилства Македонија за прв пат доби и премиер и вицепремиер за економија од редовите на бизнисмените. Стопанска комора на Македонија го предложи, а Заев го прифати бизнисменот Кочо Анѓушев. Премиерот дојде од престолнината на храната Струмица, каде што воглавно му се и семејните бизниси, додека вицепремиерот веќе ја носеше неформалната титула – крал на енергетскиот сектор.

Алфа и омега

Првата реформа со која се зафатија беше новиот Закон за енергетика кој почна да се подготвува само четири месеци по формирањето на владата на СДСМ. Од подготовка до реализација им требаа нешто помалку од четири месеци за во април 2018 година Законот веќе да биде изгласан во Собранието. Вистинското внимание Законот ќе го добие по три години кога ќе почне реализацијата на стратешките инвестиции во сферата на енергетика во обновливи извори, со посебен акцент на искористеноста на сонцето. И оваа политика се кроеше од кабинетот на вицепремиерот, а премиерот ја обезбеди поддршката на кабинетот и на Парламентот.

Всушност, премиерот Заев беше заштитнички настроен кон својот повереник и пријател Анѓушев. Ќе го брани и од критиките на јавноста и од критиките на институциите. Кога Антикорупциската комисија во два наврати ќе утврди судир на интереси помеѓу приватните бизнис интереси и оние државните, Заев нема да се двоуми јавно да го одбрани велејќи често дека компаниите на Анѓушев кои ги имал и пред да влезе во политиката не би смееле да трпат поради неговиот општествен ангажман. Половина година пред предвремените парламентарни избори во 2020 година, при формирањето на техничката влада, веќе се најавуваше заминувањето на вицепремиерот.

„Видов дека добивката му е намалена за 50 посто и тој е потребен таму и ќе имам разбирање кога Кочо Анѓушев ќе сака да им се посвети“, ќе каже Заев пред предвремените парламентарни избори. 

Повлекувањето на господинот Анѓушев тогаш ќе биде фокус и на дел од медиумите. Ќе ги добие епитетите „кројач“ на економските политики на реформската Влада на господинот Заев.

„Професорот со уникатни претприемачки квалитети и златна рака за бизнис во период од 20 години има импозантна кариера: од асистент на факултет до вицепремиер кој беше алфа и омега во креирање на економските политики. Крал на трговијата со струја, маестрален основач и развивач на најголемата домашна фирма за снабдување со струја. Актуелен е и по тоа што од пепел го подигна поранешниот машински гигант „Брако“ и му отвори многу нова работа“, ќе напише порталот Фактор на 8 – ми јануари 2020 година, неколку дена отако веќе не беше на функција. 

По изборите Анѓушев ќе продолжи како бизнисмен, додека Заев ќе остане во владата уште две години. Анѓушев и јавно ќе каже дека повеќе во политика не влегува, а често знае да говори дека политиката не му донела ништо добро.

„Јас сум пријател со сите. Со Заев се слушаме одвреме навреме, а со Мицкоски сме колеги на факултет седум години, работиме на истиот Институт на Машински факултет и тој е мој пријател и колега“,ќе рече Анѓушев во интервју во мај 2021.

Функционерите ќе продолжат како бизнисмени, а еден од нив за прв пат ќе се вклучи во бизнисот со струја.

Шанса во криза: Јавно-приватно партнерство за Анѓушев, нови бизнис амбиции во енергетиката за Заеви

Енергетската дејност изминативе години се трансформираше во високо профитен бизнис во кој се препозна брза и сигурна заработка која е силно зависна од политичките конекции. Ова се докажува преку одлуката, поранешни истакнати политичари на директен или индиректен начин да учествуваат на пазарот со енергеси и тоа во услови на сериозна енергетска криза и неизвесност на светските пазари од каде што треба дa се обезбеди струја за да ја препродат на македонското стопанство.

Искусниот и познат трговец со струја годинава ќе влезе во нови потфати, а друштво ќе му прави и синот на поранешниот премиер. На први март месецов, Анѓушев станува управител на компанијата Рењувабл Енерџи Супла (РЕС). Седиштето на оваа фирма е на Булевар „Свети Климент Охридски“ бр. 30 или адреса која е официјално седиште на  компаниајта Феро Инвест во сопственост на Кочо  Анѓуешв и неговиот брат.

Освен Кочо Анѓушев, Рењувабл Енерџи Суплај според документите од Централниот регистар има уште два управитела – Јури Богомилов Китанов од Софија и Александар Петрески од Скопје. Во делот на овластувањата во документот за упис на правен субјект стои дека потписите на управителите важат само ако има потпис на двајца од нив истовремено од кои едниот мора да биде на д – р Анѓушев а вториот од било кој друг управител. Рењувабл Енерџи Суплај има две фирми кои се впишани како сопственици: Токи Пауер од Софија и Централ Инвест од Скопје. Централ Инвест е компанија за трговија формирана на 15 мај 2020 година или во период кога Анѓушев заминува од политиката и се враќа во бизнисот. Сопственици се Кочо, Елизабета, Ангел и Огнен Анѓушеви. Но она што е интересно е што новата фирма Рењувбл каде се јавува како сопственик Анѓушев и неговото тесно семејство е само промена на назив на стара компанија – Соларпро Холдинг од Скопје.

„Ако сте подготвени да ја продавате по фиксна цена електричната енергија од своите извори без разлика на тоа дали таа цена ќе порасне тоа ќе овозможи да понудите фиксна цена и на вашите крајни клиенти. Целта е РЕС да стане стабилен извор и тоа може да се направи само ако имате сопствена енергија. Идејата е сопствената енергија да ја понудиме до крајни корисници во стопанството во Македонија.Значи, станува збор за нов концепт кој што го подготвуваме и од 1 јуни ќе започне да функционира“, ќе изјаци д – р Кочо Анѓушев во интервју за порталот Фактор на 21 – ви март.

Соларпро Холдинг е компанија која продавала електрична енергија на државни институции. Достапните податоците на Бирото за јавни набавки откриваат дека оваа фирма имала активна улога во препродажбата на струја во период кога во Македонија веќе стануваше јасно дека земјава велгува во сериозна енергетска криза. Соларпро согласно објавите на БЈН започнал со продажба на струја од август лани. Склучил 21 договор со институции вредни над 2,5 милиони евра.

Соларпро ќе влезе и во историјата, барем по изјавите на поранешниот премиер Зоран Заев.

„ФЕЦ Осломеј ќе биде запамтена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот“, рече Заев ов октомври 2021 година.

Инвестицијата би значела и одреден бенфит за државата. Директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за јавноста ќе прецизира дека јавното приватно партнерство е склучено на 35 години. Фотонапонската електрана од 100MW e концепирана како две постројки од 50MW. Бугарската Соларпро е првата компанија а втората компанија е Фортис Енергетика од Турција. Според пресметките инвестицијата би била околу 80 милиони евра. Пред енергетскта криза проценките на ЕСМ беа дека годишно заработката за оваа компанија од јавното приватно партнерство би било 800 илјади евра годишно. Оваа сума сега би била поголема бидејќи 18 проценти кои ЕСМ треба да ги добијат од фотоволтаиците ќе зависат од цената на струјата на берзите кои сега драстично е зголемена во однос на цената на електричната енергија која била лани есента.

„АД ЕСМ со голема поддршка од Владата и премиерот Зоран Заев прави големи чекори во така наречената енергетска трансформација“, Васко Ковачевски директор на Електрани на Северна Македонија.

 Анѓушев ќе продолжи да го дава својот импут во креирањето на енергетските политики, но овојпат како претседател на Македониската енергетска асоцијација која е дел од Сојузот н стопански комори на Северна Македонија.
Анѓушев ќе продолжи да го дава својот импут во креирањето на енергетските политики, но овојпат како претседател на Македониската енергетска асоцијација која е дел од Сојузот на стопански комори на Северна Македонија.

Но, освен во политиките за трансформација на старите дотраени капацитети на јаглен – модел „отровен“ за животната средина и користење на придобивките од сонцето, Зоран Заев индиректно ќе влезе и во трговијата со струја. Тотал Енерџи е струмичка компанија формирана неодамна и во сопственост на член на тесното семејство на Заеви.

Поранешниот премиер во разговор за ИРЛ вели дека фокусот на компанијата на синот Душко ќе биде во соларна енергија.

„Добродојдена е секоја нова инвестиција во нашата земја, посебно инвестиција во енергетика затоа што имаме дефицит на енергија како држава. Фирмата е на син ми. Станува збор за намера за инвестирање во фотонапонска централа (сончеви колектори) во струмичката котлина на површина од пет декари и моќност од 470 киловати. Како семејство планираме инвестиции и во фотонапонски централи и користење на сончевата светлина покрај редовните дејсности што ги работиме. Произведената електрична енергија лесно може да се продаде на било која од десетината трговски фирми кои откупуваат електрична енергија во Северна Македонија“, изјави поранешниот премиер и татко на Душко, бизнисменот Зоран Заев.

Ако татко ти е владика и ти ќе бидеш поп

Ако во бугарската фирма на Кочо двата сина и сопругата се само дел од основачката структура, во семејството Заеви амбициите на децата се поголеми. Но, „на нож“ беше пречекана веста во медиумите дека осумнесетгодишниот Душко Заев, со речиси никакво искуство во трговијата со струја, отворил компанија за да препродава електрична енергија. „Тотал Енерџи“ е новата форма која ќе оперира на пазарот со струја во услови кога и земјава, но и светот се соочува со енегертска криза. Но, Душко не е единствениот син на политичар кој одлучил со полнолетството да влезе во дејност која е комплексна, непозната, а сега и на удар на кризата која го тресе пазарот на струја поради енормно вискоте цени на електичната енергија која констатно е во раст изминатава половина година.

Таков пример е и Аријанит Џафери од ДУИ – син на Муса Џафери кој што е најдоверлви соработник на Али Ахмети. Компанијата „У Повер“ со која раководи Аријанит не ги почитуваше договорите за испорака на струја кои ги имаше склучено. Регулаторната комисија за енергетика започа постапка за одземање на лиценцата за работа – постапка која се уште не е завршена.

Џафери јуниор во екот на постапката за одземање на лиценцата во строгиот центар на Скопје физички го нападна првиот човек РКЕ Марко Бислимовски. Министрите на ДУИ потоа сакаа да прикажат дека Џафери се извинил, но од РКЕ рекоа дека тоа е неприфатливо за нивната институција.

Бизнис одлуката, млади луѓе без соодветно образование и никакво искуство да се пробаат во дејноста со препорадање на струја, според пензионираниот професор од Машинскиот факултет Константин Димитров се должи на моќта на нивните татковци. Комплексноста на енергетската дејност како и неизвесноста која ја диктира пазарот на струја, за Димитров е доволен показател за младите да не се впуштат во ваква авантура за која смета дека може да биде успешна само со поддршка на политиката.

„Тешка дејност е енергетската дејност ако не сте политички врзани. Треба да имаш едно чудо пари да те заштитат, никој да не те кочи за да ја извадиш потребната документација. Ова ви е како бумбар. Низ пајажина ќе пролета, ама тешко е за мушички. Мушичките се лепат на пајажина, а пајажината се административските пречки. Тој што има политичар татко може да влезе во оваа дејност. За се ви треба вујко владика“, изјави Константин Димитров поранешен професор на Машинскиот факултет.

Го консултиравме и префесорот Антон Чаушевски од Факултетот за електротехника и информациони технологии – колку е тешко денеска млад човек да влезе во се поисплатливиот бизнис со струја. За ИРЛ посочи дека пополека енергетската дејност го презема приматот на двигател на економијата. Водењето бизнис во вакви услови за сериозна енергетска криза на која не и се гледа крајот е тешко. Цените на струјата на берзите константно одат нагоре што го отвора прашањето како фирмите трговци со струја ќе ги испочитуваат договорите кои ги потпишале со купците кога никој не гарантира за цената на струјата поради дневните флуктации најчесто нагоре на берзите за струја.

„Со овие услови се искомлицира тргувањето со струја. Сведоци сме на трговци кои пропаднаа. Не ги испочитуваа договорите. Оставија субјекти на цедило. Мислам дека е тешко. Бизнисот треба да го води некој што се разбира. Тука во суштина се трговци, дали ги знаат работите е друго прашање. Проблемот е да се добие лиценца“, вели Чаушевски кој е дел од Институтот за Електрични централи и разводи постројки при ФЕИТ. 

Сиромаштија и млади 

Економските реформи завршија со многу пофални зборови од страна на крупните бизнисмени и дел од политичарите. Енергетските реформи, планови и промени во закони ретко или речиси никогаш не наидоа на критики кај лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски кој сите политики на Заев ги дочекуваше на нож. Самиот тој припаѓа на мала група на луѓе кои водеа профитабилни компании во областа на обновливите извори на енергија, поточно мали хидроцентрали. Но, во една реформа не успеаја ни нивните претходници, ниту самите тие – владата на СДСМ иако вети успеа незначително да ја намали стапката на сиромаштија кај младите.

Колку младите во Македонија се подготвени по 18 – та година да започнат свој бизнис. Полнолетството носи зрелост на хартија, но и можност секој млад човек во Македонија да се испроба на пазарот на трудот преку вработување или сопствена идеја која би ја реализирал во стопанството. Податоците на Државниот завод за статиситика покажуваат висок степен на сиромаштија кај деца од 0 до 17 години.

Високиот степен на сиромаштија кај една третина од младите до 17 години кои во иднина би требало да бидат новите лекари, менаџери, мајстори или сопственици на фирми за трговија со струја, се очигледна пречка на рана возраст да станат бизнис активни, а притоа да не бидат зависни од своите родители. Затоа универзитетскиот професор Константин Димитров смета дека се почесто сме сведоци каде „татини синови“ охрабрени од политичките конекции на родителите, без да знаат ништо за бизнисот, стануваат сопственици на фирми не знаејќи ништо за предизвикот во кој се впуштаат.

 

„Ќе се снајдат, друг го води процесот и најчесто однапред се е договорено. Тој не води, тој е само фигура. Полека, полека ќе учи. На почеток е се подмачкно, но пушти го без татко како риба на суво“, вели универзитетскиот професор Константин Димитров.

Кочо Анѓушев и Зоран Заев директно и индиректно започнуваат нови епохи со старонови бизнис подвизи. Откако Анѓушев ја продаде неговата фирма за трговија со струја ЕДС во 2018 – та година за 4,8 милиони евра на грчката национална компанија за производство на струја, по четири години преку семејната фирма Централинвест повторно се враќа на овој доходовен бизнис. Синот на Зоран Заев, Душко пак е нов во оваа сфера за која познавачите на енергетскиот сектор и пазарот на струја предвидуваат нестабилност и чести флуктации на цените на електрична енергија која директно ќе ги погоди трговците со овој енергенс.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.