Press "Enter" to skip to content

(Видео) Кратка историја на судската (не)правда

По минати речиси две години, поранешниот претседател на Основниот суд 1 или популарно познат како Кривичен суд, ќе се гони за местење предмети кај судии од довреба на политичките и бизнис моќници.

Судијат Владимир Панчевски пред Судот ќе одговара за изигрување на елеконтронскиот систем за распределба на предмети кај судии поволни за одредени обвинети. Интересно е дека во соопштението со кое што денеска Јавното обвинителство информираше дека поднеле обвинение, тие го повикуваат Судскиот совет да си ја исполни должноста и да ги истражува овие случаи.

Основното Јавно Обвинителство Скопје по прибирање материјални и вербални докази, утврдило дека во периодот од 23-ти јануари 2013-та година до 14-ти септември 2016-та година, обвинетиот при извршување на должноста влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања – пишува во соопштението.

„Судскиот Совет доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии, може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби“, се вели во соопштението. Судството со децении го следат контроверзи, а Судскиот совет беше мета на политичките и бизнис центри кои отсекогаш се стремеа да го контролираат за лични и партиски цели.

Какво судство има Македонија

Без независно судство не може да постои владеење на правото, ниту пак да имаме демократска држава. Судството е клучно за Македонија да стане правно сигурна земја за сите граѓани. Но, состојбата во правосудството со години е благо речено очајна. Имаме корумпирани и пристрасни судии, обесправени и исплашени граѓани и Судски совет кој наместо да биде чувар на судското достоинство и довербата на граѓаните во судството, тој е заштитник на политички моќници и на судии кои не судат во име на правдата, туку во име на партијата.

Видео: Архива на ТВ магазин „Проверено“ мај, 2018/Фото: Никола Груевски со адвокат излегува од суд

Ви се чита повеќе?

Кога сте веќе на нашата веб страница, прочитајте и други наши приказни. Ги издвојуваме последните продуцирани стории.

Како се мести оглас за државна работа

Случај Студентски дом „Пелагонија“: Пеколни домаќини на пеколен дом

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »