Press "Enter" to skip to content

Венецијанската комисија најде забелешки на изгласаниот Закон за јазици

Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена, укажува Венецијанската комисија во документот објавен од порталот „Плусинфо“.

„Високо огромни и скапи обврски што законот ги наметнува особено на судските органи се придружени со тешки парични санкции во случај на непочитување (член 23). Покрај тоа, неуспехот да се обезбеди превод и толкување што се бара со закон во текот на постапката претставува основа за враќање на судската одлука (член 9 (5)). Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права“, се вели во заклучокот.

Се работи за дел од заклучоците на Венецијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври.

Овој закон беше денесен во март 2018 година во тензична атмосфера во Собранието, кога имаше и физички конфликт помеѓу пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски и собранискиот спикер Талат Џафери, за на крај со 64 гласа „За“ да биде усвоен, без да се разгледаат илјадници амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во практика, речиси на секоја државна институција стојат таблички со албански јазик, а неговата примена е дискутабилна во зависност од потребите на граѓаните да комуницираат со институциите на јазикот на кој сакаат.

Министерството за правда не го коментира мислењето на Венецијанската комисија се додека не стане официјално.

„Мислењето на експертите на Венецијанска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него“, велат оттаму.

Во мислењето се вели и дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби тврди дека какво и да е мислењето од Венецијанската комисија, тоа ќе се почитува, но, истакнува дека ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи.

„Не е примено мислењето на Венецијанската, но какво и да е, ние ќе го почитуваме. Во оваа драфт верзија, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права на и изразува загриженост само во делот на цената на чинење на неговата имплементација. Цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките подноси е неспроведлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор“, вели меѓу другото Груби.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ги потсети од собраниска говорница премиерот Заев и лидерот на ДУИ, Ахмети дека иако владејачкото мнозинство го изгласа законот пред да ги консолидираат забелешките од Комисијата, дека ветија имплементација на препораките.

„Јас ќе потсетам дека премиерот и претседателот на ДУИ ако не се лажам и мнозинството на пратеници во дискусиите велеа дека тоа што ќе го прати Венецијанската Комисија ќе биде внесено во Законот“, реагираше Димовски, алудирајќи токму на одредби кои бараат ревидирање на Законот.

Илбер Села – Директор на Агенцијата за примена на јазикот

Во рамките на успешна примена на законот, оформенa е и нова владина агенција за примена на јазикот, каде шо за прв директор е избран Илбер Села.

Се уште се екипира тимот кој треба да врши инспекција дали се применува законот бидејќи на конкурсот за вработување во Агенцијата, кој беше отворен за тринаесет лица, филтерот го поминале седумина кандидати.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »