Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е под истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за спорниот тендер за набавка на радарски систем. Од Обвинителството информираат дека со овој предмет споена е и кривична пријава поднесена од политичка партија.
„Во август надлежен јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна анализа на документацијата, по што обвинителството ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, пишува во соопштението од Обвинителството.
Случајот за набавката на радарски систем во М-НАВ излезе во јавноста кога на руска социјална мрежа беше објавен разговор од кабинетот на владиниот генерален секретар.
Потоа следуваше уште една снимка, објавена на Јутјуб. Авторите на снимките, но и дел од медиумите тврдеа дека аудио материјалот е доказ дека Рашковски постапил незаконски кога се вмешал во постапката за набавка на радарски систем за М-НАВ и дека извршил низа незаконски дејствија, како средба со една од фирмите пред таа да биде формално избрана.
Рашковски на прес-конференција се извинуваше „до небо“, и се бранеше дека не е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендерот на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ.
Поврзани стории:
Случај Студентски дом „Пелагонија“: Пеколни домаќини на пеколен дом