Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба, а двоецот Боки 13 и Кичеец за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.
Тројцата обвинети се товарат дека од ноември минатата година до април годинава од Јордан Камчев извлекле 1.550.000 евра со цел да ја олеснат неговата позиција во предметот „Империја“ кој го води Специјалното јавно обвинителство. Во досегашната истрага дел од парите се пронајдени, а дел Бојан Јовановски ги потрошил на скапа гардероба, патувања и ексклузивни одмори. Јанева од колачот добила мебел во вредност од 4.800 евра и пари во износ од 50.000 евра. А, Боки 13 и Кичеец 1,5 милион евра.
„Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, пишува во соопштението на Обвинителството.
Според доказите на Обвинителството, Бојан Јовановски и Зоран Милевски имале повеќе средба со Јордан Камчев и неговата сопруга Ана Камчева на кои се договарале начинот на исплата на парите, а Катица Јанева издејствувала ослободување на Камчев од притвор и враќање на пасошот.
„Откако првообвинетиот заедно со третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот“, соопшти Обвинителството.
Во овој случај Јордан Камчев е оштетен сведок, иако парите ги давал со цел да добие привилегии и олеснителни околности кои не му следувале.
Изјава на Катица Јанева во Обвинителството пред да биде уапсена
Поврзани стории
Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност
Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев