Press "Enter" to skip to content

Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев

Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев.  ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека Мијалков може непречено да комуницира со лица вклучени во истрагата бидејќи СЈО таква листа не доставило, ниту му забранило да користи мобилен телефон.

Автори: Сашка Цветковска и Маја Јовановска

„Падна Империјата“ или „СЈО и возврати на империјата“, ова се само дел од насловите коишто осамнаа по притворањето на некогаш најдобрите пријатели и најмоќните луѓе во градот – Јордан Камчев и Сашо Мијалков. Малкумина беа оние кои мислеа дека ќе дојде ден кога некој од нив двајца ќе заврши зад решетки. Многу  повеќе, пак, беа оние кои сметаа дека притворањето на кумовите доаѓа како мерка за  амортизирање на негативните политички ефекти по бегството на Никола Груевски, за којшто СЈО, исто како и за  Мијалков и Камчев не сметаше дека постои опасност од бегство.

Јордан Камчев беше приведен на 10 ноември. По десетина дена му се придружи и Сашо Мијалков. И двајцата беа ослободени викендот непосредно пред пречекот на новата 2019 година. За домашниот притвор на Камчев одлучуваа судиите во Апелацискиот суд во Скопје, откако првата жалба до Кривичниот совет не му помина. Потпишан е судијата Јани Нича којшто претседавал со Советот во Судот, но не се познати другите судии. Според решението, Камчев се сомничи за злосторничко здружување, оштетување и повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, намерно предизвикување стечај,измама и перење пари, додека Мијалков за конкретниот случај се сомничи за злосторничко здружување и перење пари.

ПН: Камчев со бугарско државјанство, Мијалков без забрана за комуникација со сведоци

Првиот има историја на бегалец од правдата, вториот е некогаш најмоќниот човек во Македонија и прв братучед на најславниот бегалец Никола Груевски. А покрај нив, домашен притвор „ќарија“ и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски обвинети во повеќе случаи на СЈО. И покрај долгата листа на причини наведени во самите решенија кои од осомничените прават ризични лица кои би можеле да избегаат, сепак, Специјалното јавно обвинителство одобрува куќен притвор и за двајцата. Во случајот на Камчев правилата се построги, за разлика од Мијалков кому не му се забранува ниту мобилен телефон оти според решението СЈО не можело да изготви листа на забранети уреди за комуникација, ниту листа на сведоци или оштетени во истрагата врз кои тој би можел да  влијае.

Јанева овој потег го правдаше со подобри реформи и владеење на правото.

„Мислам дека за периодот додека беа во притвор се собраа доволно докази и се анализираа сите аспекти до кога би можеле да бидат во притвор и дали со други мерки може да биде обезбедено нивното присуство. Сметавме дека е добро за реформите, за владеењето на правото, овие лица да бидат во следниот период во куќен притвор и со тоа ќе биде доволно обезбедено нивното присуство“, изјави Јанева во интервју во вестите на телевизија „Канал 5“ непосредно по ослободувањето од притвор на осомничените.

Таа дообјасни дека во периодот што следи ќе се вршат само финансиски анализи, па осомничените веќе не се потребни во притвор и не можат да влијаат на сведоци, да го повторат делото, ниту пак да избегаат. Но, аргументите во решенијата на Судот говорат дека и двајцата имаат  и имот и влијание да бегаат, но и да влијаат врз сведоци. Од тие причини на Камчев покрај куќниот притвор му се забранува и комуникација, но не и на Мијалков.

Во судските решенија од Кривичниот и Апелацискиот суд до кои дојде ИРЛ, како мерки на претпазливост за Јордан Камчев СЈО го наведува следново:

„Во решението Судот покрај забраната за ограничување од местото на извршување на притворот, да определи забрана за комуникација со лица и употреба на средства за комуникација и да нареди мерка на претпазливост одземање на македонската патна исправа и бугарската патна исправа“, се вели во решението на Судот каде што се цитира барањето на СЈО.

Од овие судски документи за прв пат се дознава дека најбогатиот македонски бизнисмен не само што ги прошири бизнисите во Бугарија, туку тој од оваа соседна земја зел и државјанство.

„На опасноста од бегство особено укажува околноста што осомничениот покрај македонското поседува државјанство и на Р.Бугарија каде истиот и неговото семејство поседуваат недвижен имот на свое име и каде имаат пријавено живеалиште, воедно осомничениот е сопственик и на повеќе правни лица надвор од Р. Македонија, а кои околности упатуваат дека осомничениот лесно може да се даде во бегство“, наведува Апелацискиот суд и смета дека е оправдана оценката на Кривичниот совет на првостепениот суд дека постои основано сомневање дека доколку Камчев биде пуштен на слобода да избега.

Кривичниот совет на Кривичниот суд вели дека доколку Камчев биде пуштен да се брани од слобода „може да ја попречува постапката со влијание на сведоци и прикривање на докази, имајќи го предвид фактот дека во понатамошниот дел на постапката потребно е да се преземат истражни дејствија заради прибирање на вербални и материјални докази“.

Но, сепак Кривичниот совет на Апелацискиот суд носи одлука Камчев од затворски да биде пуштен во домашен притвор. За време на куќниот притвор Камчев не смее да го напушта домот, без одобрение од судот. А, полицајци од полициската станица Карпош во текот на 24 часа ненајавено да го проверуваат присуството во неговиот дом.

На Камчев му се одземени и двата пасоши – македонскиот и бугарскиот.

Мијалков е богат и врзан со службите низ регионот

Мијалков во судот се води како магистер по економски науки и раководител на фирмата „Макпоинт“ со месечни примања од 61.300 денари. Со лична карта на улицата „Народен форнт“ во Капиштец, со престојувалиште на „Салвадор Аљенде“ на Водно и имот и дозвола за престој во Чешка. Во случајот на Мијалков, самото обвинителство е тоа кое бара од Кривичниот суд Мијалков да биде пуштен во домашен притвор. Во првото барање и за него, како и за Камчев се бара забрана за комуникација со лица и употреба на средства за комуникација.

Но, судот возвраќа дека предлогот не е разбирлив и не содржи се она што е потребно за да може да се постапува по него.

„Со предлогот на судот му се предлага спрема осомничениот да определи мерка куќен притвор со забрана за комуникација со лица и употреба на средства за комуникација без притоа да бидат наведени лицата, односно податоци за лицата со кои се бара на осомничениот да му се забрани комуникација со нив – сведоци, оштетен, жртва, соучесници, помагачи, лица што негативно влијаат на него и помогнале тој да се впушти во негативни активности и слично, како и забрана за употреба на средства за комуникација, но без да се наведат средствата– телефон, скајп, вибер, имејл, фејсбук, инстаграм, овозможени преку фри хотспот, 3Г, 4Г, интернет и слично.“, пишува во решението на Судот, по што судијката Весна Димишкова го задолжува обвинителството да го доуреди предлогот во рок од три дена.

СЈО не можело да наброи уреди за комуникација и листа со сведоци за Мијалков

СЈО не чекаше ни 24 часа, туку следниот ден на 29 декември (сабота) испраќа коригиран предлог до судот со кој „го повлекува предлогот за определување на дополнителни забрани, како забрана за комуникација со лица и употреба на средства за комуникација бидејќи не можело да ги прецизира сите лица и средства за комуникација за кои треба да се однесува забраната“.

Со несудски речник, Мијалков во домашен притвор може да користи телефон, интернет, социјални мрежи и да им се јавува на сведоци, осомничени, односно СЈО не му забранува комуникација со ниту едно лице.

СЈО признава дека се уште постои основан страв дека осомничениот може да избега „имајќи го во предвид фактот дека имал пријавено живеалиште во Чешка, тој и неговото семејство поседувале поголем број недвижен имот во и надвор од Македонија, тој поседувал голем број на акции во правни лица во Македонија, како и поранешната функција какао директор на УБК.

Потоа дека неговите блиски врски со поголем број лица вработени во разузнавачки и контраразузнавачки служби во регионот и пошироко и влијанието што го имал во овие структури и во моментов истражната постапка опфаќала преземање на повеќе истражни дејствија со сослушување сведоци, прибирање на материјални докази, издавање на наредби за финансиски вештачења, обвинителството повторно ги разгледало сите околности во поглед на мерките кои можеле да се преземат кон осомничениот за обезбедување на осомничениот и водење на истражната постапка и нашло дека целта да се избегне опасноста од бегство можела да се постигне и со примена на поблага мерка  – куќен притвор“.

За разлика од решението на Камчев каде што уредно е наведено и која подрачна полициска станица е должна да ги врши проверките, во она на Мијалков не пишува ништо, освен дека МВР треба повремено да тропне на врата, неколку пати на ден, и да види дали е дома без да се посочи СВР Центар како подрачна полициска станица.

Од МВР велат дека тие го прават само она што смеат или она што ќе го нареди Судот. Проверките ги вршат редовно, неколку пати на ден, но тие немаат моќ некого да ослободат или притворат, туку постапуваат по налогот на Судот, којшто пак, по барање на Јанева и ги пушти Мијалков и Камчев дома.

Двојни аршини

Реакциите во јавноста по ослободувањето на Мијалков и Камчев беа, благо речено, бурни. Еден од оние кои први протестираа беше и новинарот Томислав Кежаровски.

Со амнестијата, помилувањето, помирувањето или што и да е, на Бетка ќе и останат фустаните и здолништата, чантите и накитот купени со државни пари, а на Мијалков му остануваат милијардите евра, на Орце фирмите и криминалните бизниси, на Муковски набилданите тендери и од нив украдените пари, на Протоѓер му останува се, на струмичанката Силвана Бонева веќе и да не се сеќаваме. А нам…нам ќе ни остане надежта за правна, праведна и правична  држава, напиша Кежаровски на својот фејсбук профил на 28 декември.

Тој помина шест месеци во затворски притвор. И покрај огромните притисоци од меѓународната заедница, тој беше одбиван да излезе оти бил сиромав и можел да бега. ИРЛ го праша што мисли за овие одлуки за притворите на двајцата имотни моќници.

„Мене не ме пуштаа од притвор долго време бидејќи сум немал имот и поради тоа сум претставувал ризик за бегство. Во самото судско решение ми беше забранета комуникација со медиуми и новинари, а по моето пуштање од притвор каде што се разболев, обвинителката по три дена побара да бидам вратен во Шутка затоа што ме видела на Фејсбук како наздравувам со чашка ракија. Кога ме пуштија, новинарската заедница ми дојде дома, и држев една чашка за да наздравиме. Тоа за обвинителството беше доволно да бара да ме вратат во Шутка, “ рече Кежаровски.

ИРЛ до СЈО испрати прашање, зошто ова обвинителство не доставило листа за комуникација, како и листа на лица со кои Мијалков не смее да комуницира. До објавувањето на овој текст, не добивме одговори од обвинителството кое го води Катица Јанева.

ИРЛ пред десетина дена објави дека банките, должниците и доверителите во дел од компаниите вмешани во случајот „Империја“ изработија предлог договор со којшто се определува исплаќањето на кредитите кои овие компании ги должат кон повеќе банки, но и средства кои им се должат на други доверители како фирми и физички лица.

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.