Press "Enter" to skip to content

Комичарот кој стана претседател на Украина – романтична приказна или игра на олигархијата

Пријатели од детството, продуцентите на неговото телевизиско шоу, бизнис партнери и адвокатот на олигархот Игор Коломајски се дел од луѓето кои новиот украински претседател ги одбра за свои најблиски соработници  и им додели високи државни функции.

„Перспективите од овој избор се многу лоши“, вели Адриан Каратниички од Атлантскиот Совет реферирајќи за изборот на Зеленски на Андреј Богдан,  адвокатот на озогласениот олигарх.

Овие вести дојдоа непосредно откако Зеленски – поранешен комичар од Украина кој што стана претседател минатиот понеделник. Во неговиот инагуарицски говор, тој го распушти украинскиот парламент и повика на предвремени парламентарни избори.

Шеф на кабинетот на Зеленски е неговиот продуцент. Негов заменик е друг продуцент. Богдан ќе ја води администрацијат во кабинетот. Заменик-шеф на тајната полиција ќе биде неговиот пријател од детсвото Иван Баканов.

Најголеми реакции има назначувањето на Богдан, односно адвокатот на Коломајски, човек кој што е обвинет за кражба на 5,5 милијарди американски долари од третата по големина украинска банка, по што банката доживеа колапс, а Богдан избега во Швајцарија и Израел.

Минатата недела приватниот авион на Коломајски за прв слета во главниот град на Украина по многу време. Причините беа прослава на победата на Зеленски чијашто емисија се емитуваше на телевизија во негова сопственост. Зеленски изјави дека тој ќе го стави олигархот зад решетки доколку се покаже и докаже дека го прекршил законот.

Украинските критичари обвинуваат дека тој е само пион во рацете на моќниот олигарх, а дека скапата кампања на комичарот била финансирана токкму од негови пари. Зеленски го победи дотогашниот претседател со мнозинска предност – зеде над 70 проценти од вкупните гласови.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Меѓународни истражувањаПовеќе теми во Меѓународни истражувања »