Press "Enter" to skip to content

Катица Јанева со насмевка си замина од кај Вилма Рускоска

20.8.2019 година

По четири и пол часа распит во Обвинителството за организиран криминал, Катица Јанева си замина со насмевка и се уште во својство на сведок. Специјалната јавна обвинителка по исказот кај Вилма Рускоска не е осомничена во случајот „Рекет“. Во Обвинителството беше придружувана од адвокатот, Стеван Павлески, кој истовремено е адвокат на осомничениот Цветан Панделески во случајот „Империја“.

По завршувањето на распитот Јанева даде штура изјава , без да открие детали што точно изјавила за случајот „Рекет“. Постојано повторуваше дека не смее да зборува, бидејќи се уште трае истрагата.

„Може да бидете стрпливи. Ова е истрага, треба да знаете и тоа е општо познато дека за истрага не се споделуваат информации. Се надевам дека ќе има судење на кое ќе бидете присутни и ќе се гледаме уште почесто.“

Новинарите ја прашаа дали чувствува вина за случајот „Рекет“, на што таа одговори дека не чувствува. По прашањето зошто барала спогодба за случајот „Империја“, реагираше нејзиниот адвокат кој ја посоветува некои работи да премолчи со зборовите: „Не си на распит“, по што ја испрати до службеното „Пежо“.

Минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“ во кој засега осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милески. Шпекулациите за поврзаноста на Јанева со овој случај, се потврдија откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави аудио снимки на кои се слуша Катица Јанева како го охрабрува сведокот  и воедно обвинет во случајот „Империја“ –  Орце Камчев, со зборовите: „Се ќе биде во ред“.

Погледнета ја цела изјава на Катица Јанева:

Поврзани стории:

(ВИДЕО) Катица Јанева на распит за случајот „Рекет“ дојде со адвокат

Јанева: Чиста сум и немам никаква вмешаност во случајот „Рекет“

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »