Press "Enter" to skip to content

Јанева: Чиста сум и немам никаква вмешаност во случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го следам јавниот линч, но не сакав да оставам впечаток дека се мешам во истрагата. Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, со сторување или несторување, не сум ја злоупотребила должноста која сѐ уште ја извршувам“, рече Јанева.

Специјалната обвинителка додаде дека очекува да се води транспарентна постапка која ќе стави крај на сите шпекулации со кои некој се обидува да и наштети на угледот.

„За жал, не само лицето Бојан Јовановски, сум слушнала дека и многу други без да знам го злоупотребуваат моето име и презиме за различни цели“, додаде Јанева.

Таа вели дека предметите кои ги оставила во во иднина ќе ѝ покажат на јавноста зошто некој се обидел да ја дискредитира и да го загрози кредибилитетот на СЈО.

Ова е прво појавување на Јанева откако на 15 јули најави оставка од функцијата во Специјалното обвинителство, а следниот ден замина на боледување.

Јанева денска не одговори на ниту едно новинарско прашање.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »