Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Катица Јанева на распит за случајот „Рекет“ дојде со адвокат

20.8.2019 година

Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески.

-Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството.

Таа ќе треба да даде одговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за тргување со влијание и перење пари осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Во снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ со случајот „Рекет“, во аудио снимките се слуша и гласот на Јанева.

Досега на распит во Обвинителството беа повикани тројца обвинители од СЈО. Искази дадоа Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, потоа Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, како и шефицата на Кабинетот на Јанева.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »