Press "Enter" to skip to content

Истражувања без реакции: Како Македонија се вмеша во меѓународен шверц на муниција

Проектот „Кучиња на војната“ откри како цела мрежа на држави од Балканот, Југоисточна и Источна Европа помагала шверц на стара и озогласена муниција од резервите во Албанија. Не било каква муниција, туку таква која што одамна требало да биде уништена. Македонија има централна улога во оваа крими-приказна. На ова истражување работеа новинари од пет држави, а се вложија повеќе од 6 месеци напорна работа во ризични услови. По повод Меѓународниот ден на борбата против корупција 9 -декември, Истражувачката репотерска лабораторија сака да потсети на големите криминални афери откриени од новинарите кои остануваат без развршници.

Степенот на корупција во едно општество не се мери само по присуството на истата , туку и по тоа како тоа општество ќе одговори кога корупцијата ќе биде откриена. Денеска е меѓународниот ден на борба против корупцијата, па овој вовед се чинеше соодветен за да се илустрираат фундаменталните проблеми кои што Македонија ги има со борбата со корупција и организиран криминал, а тоа е неможноста за правда поради приватизираните или партизираните институции и судската власт. Онаму каде што навистина постои отчетност, на работата на новинарите кои откриваат злоупотреби се одговара со институционални реакции. Но, зошто во Македонија тоа е реткост? Дури и кога ќе се откријат приказни за вмешаност на лица и институции од земјава во меѓународен шверц со муниција?

ТАНГО И КЕШ

Организираниот криминал секогаш се стремел да се поврзе силно со богатите и моќните. Да се имаат пријатели на „високи места “ е еден од најдобрите начини да се остане недопирлив и да се зајакне вашата криминална мрежа.

Во повеќето случаи, очигледно е дека двете страни имаат обострана корист од таквото пријателство. Многу е малку веројатни дека важен судија кој се  дружи со мафијашките босови и политичарите на високи позиции, утре ќе суди спротивно од нивната корист, или дека и тој и политичарот ќе притискаат и донесат некаква легална реформа која не му одговора на органираниот криминал и коруптивниот крупен бизнис. Исто е и со еден јавен обвинител – колку е веројатно дека во вакви констелации тој ќе притиска за да се отвори случај за некој горем корупциски скандал. Најголемиот дел од врските помеѓу судството, полицијата,  мафијата и политиката се чисто финансиски. Најчесто се манифестираат преку поткуп и корупција: правдата е определена во мерата која што му одговара на криминалниот финансиски мускул и човековата алчност.

Ова воопшто не е некоја нова дефиниција за тоа како функционира Организираниот криминал, туку истата со години е дел од прирачниците на Универзитетите за право и новинарство во угледните светски образовни институции.

Во политичките врски влогот секогаш е моќ. Организираниот криминал често ја користи својата моќ за им испорача црни пари во изборни кампањи, а со тоа и гласови на партиите на избори – изворот на живот на секоја политика. За возврат, организираниот криминал очекува услуги од оние кои помогнал да бидат избрани. Им се испорачува се: од даночни олеснувања, до даночни избегнувања, па се до имунитет во државите тендери.

Тешко е и мачно за едно општество воопшто и да го разбере односот помеѓу власта и злосторничките групи, бидејќи вторите во фазите на преобразба се стремеа самите да влезат во политиката и да се натпреваруваат на избори. Најопасната форма на организиран криминал и корупција е критичното ниво кога двете групи ќе се соединат на избори и ќе ја потврдат речиси неповратно својата моќ, а истовремено ќе го користат системот не за да лобираат да го променат, туку самите да го креираат преку законите и нивната егзекуција на начин кој ќе им овозможи непречено да ја шират својата моќ и постојано да избегнуваат одговорност.

ПРИКАЗНА БЕЗ КРАЈ: КАКО СЕ ПРЕМОЛЧЕ МЕЃУНАРОДЕН СКАНДАЛ ЗА СИНЏИР НА ШВЕРЦ НА МУНИЦИЈА ВО КОЕ ЦЕНТРАЛНОТО МЕСТО ГО ИМА МАКЕДОНИЈА

По повод Меѓународнот ден на борбата со корупцијата, Истражувачката репортерска лабораторија го реобјавува истражуњето кое што го работевме со Мрежата за известување за организиран криминал и корупција објавено на почетокот на годинава, во соработка со партнерите НОВАТВ и телевизијата 24.

Проектот „Кучиња на војната“ откри како цела мрежа на држави од Балканот, Југоисточна и Источна Европа помагала шверц на стара и озогласена муниција од резервите во Албанија. Не било каква муниција, туку таква која што одамна требало да биде уништена. Македонија има централна улога во оваа крими-приказна. Профилите на вмешаните се од улични силеџии, директори на институции, политичари, дури и такви како чешкиот претседател Милош Земан. На ова истражување работеа новинари од пет држави, а се вложија повеќе од 6 месеци напорна работа во ризични услови. Државното јавно обвинителство најави истрага. Предистрага навистина беше започната, а обвинителството дури и ги повикуваше новинарите и ги  бараше службено објавите. И тоа беше се.  DobВо продолжените погледнете го видеото од емисијата „Проверено“ која го одработи овој случај, а на линковите прочитајте ја целата меѓународна сторија со сите детални аспекти на случајот кој се темели на повеќе од 1,000 прегледани и анализирани  документи и серија интервјуа.

Линк до сторијата на англиски јазик: Wardog Millionaire

Линк до сторијата на македонски јазик: Кучиња на војната: Чесите во таинстевен шопинг на муниција на Балканот

 

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Меѓународни истражувањаПовеќе теми во Меѓународни истражувања »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »