Press "Enter" to skip to content

Апелацискиот суд ги потврди пресудите за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово.

Кривичниот суд во Скопје во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље. Тринаесет обвинети ги осуди на затворска казна во траење од 40 години, шестмина добија 20 години, а еден обвинет е осуден на 18 години затвор. Двајца добија затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Повеќето од осудените лица се косовски државјани.

Обвинетите се прогласени за виновни за кривичните дела тероризам и терористичка организација. Тие влегле во земјава, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

На 10 мај Министерството за внатрешни работи по завршувањето на борбите, излезе со изјави и со соопштенија дека е ликвидирана „една од најопасните терористички групи на Балканот“, којашто планирала напади на државни институици. Нападите сакале да ги вршат во Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски годинава на 10 мај годинава на гостување во Телевизијата 21 рече дека „постојат индиции дека настаните во кумановско Диво Насеље пред четири години се случија за да се спречи објавувањето на „бомбите“.

„Една од дилемите која се поставува и пред мене и пред граѓание е дали ова беше сценарио кое требаше или имаше задача да го запре објавувањето на бомбите, затоа што во февруари почна објавувањето на бомбите односно вистината за Македонија, а во мај ни се случија настаните од Куманово“, рече Спасовски.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »