Press "Enter" to skip to content

Вековен стремеж: Пругата наречена надеж

Изградбата на пруга е најголемото ветување кое сите партии го даваат пред избори. Така беше и на овие избори. Вчера власта најави нова пруга која треба да ги поврзе Македонија и Албанија. За тоа да се случи треба да се поврзат Струга и Кичево. Владата усвои само информaција дека на Министерството за финанси му дава дозвола да бара кредити и грантови во износ од 426 милиони евра и тоа само за првата фаза во Македонија.

Со изградба на пругата, како и на автопатот Кичево – Охрид со крак до Струга и целосна рехабилитација на патот Струга – Граничен премин Ќафасан, ќе бидат отворени нови можности за развој на регионот, кој според најавите на владата автопатски ќе биде поврзан со главниот град, што ќе биде приоритет во наредниот период, ќе се пофали владата.

Истите фалби и истите проекции граѓаните ги слушаат со години. Дали и оваа пруга ќе остане само сон?

Оваа видео сторија направена во Крива Паланка ви ги покажува ефектите од корупција и децениската некадарност во креирањето на државните приоритети како инфраструктирата. Но, оваа приказна е повеќе од приказна за лаги, корупција и празни ветување. Преку приказната за македонските железници  ви ја откриваме и приказната за раѓањето на современиот македонски идентитет, а преку приказната за неуспехот на сите македонски политички елити да го изведат Коридорот 8, ви покажуваме како пропаѓаат регионите во Македонија и како се потрошени многу пари за нула резулатати.

Поврзани видео стории

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Кратки видео сторииПовеќе теми во Кратки видео стории »