Press "Enter" to skip to content

Заев најави кревање на паричнот лимит за станување ДДВ обврзник

Секоја фирма и граѓанин што остварува повеќе од еден милион денари годишен обрт е ДДВ обврзник. Законот за ДДВ, со кој секое лице што врши стопанска дејност е ДДВ обврзник, предвидува паричен праг од само еден милион денари. Паричниот праг низ годините поминал низ дузина промени, но со последната измена донесена во 2016 година тој е понизок од било кога. Премиорот Зоран Заев најави исполнување на предизборното ветување и зголемување на паричниот праг на ДДВ.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција најави подигање на овој лимит. Тој вели дека Министерството за финансии во наредните неколку дена ќе донесе нова одлука за покачување на прагот за ДДВ обврзници и ќе ја презентира на граѓаните.

„Во делот што се за физички и правни лица се работи за плаќање ДДВ на лимитот од 1 милион денари. Министерството за финансии работи на проблематиката. Затоа што сеуште нема методологија на повраток на таков ддв. Верувам дека во деновите што следат, Министерството за финансии ќе излезе со податок во функција на исполнување на програмското ветување на оваа Влада“, вели премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Заев рече дека не знае колкава ќе биде промената и остави деталите да бидат презентирани од страна на Министерството за финансии.

Едно од предизборните ветувања на СДСМ беше зголемување на прагот на приходи во смисла да се намали бројот на опфатени лица кои треба да се пријават како ДДВ обврзници. Иако истото не е спомнато во Програмата План за живот во Македонија, за време на изборната кампања во 2016 година, функционерите на СДСМ караваните низ државата често зборуваа за оваа мерка.

Некогашниот дополнителен заменик министер за финансии од СДСМ, Кире Наумов, при неговата посета на Неготино во март 2016 година и тоа во присуство на денешната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска како ветување ќе зборува токму за прагот на ДДВ.

„Одговорната Влада на СДСМ ќе го врати прагот на ДДВ на 2 милион денари со што ќе ги ослободиме малите фирми и граѓаните од новите давачки за ДДВ што им ги наметнаа Груевски и Ставревски, со тоа што го намлија прагот на ДДБ на 1 милион денари“, изјавил Кире Наумов при посета на Неготиони во март 2016 година.

Овој закон за прв пат се воведува во Владата на Љубчо Георгиевски од 1999 до 2002 година, а паричниот праг од тогаш има поминато низ дузина промени. Паричниот праг најпрвин бил 1,3 милиони денари, па Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ го зголемила на 2 милиони денари, па го намалила на 1,3 милиони во 2014 година, за повторно да го намалила на само еден милион денари во 2016 година.

Кога сте веќе тука, прочитајте:

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Нова истрага за Бојан Јовановски, вмешан и функционер

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »