Press "Enter" to skip to content

За да се руши бетонската база на Нефи Усеини и други објекти се молат пари од Министерството за финансии

Општината почна да руши. Стартот е од приватна куќа за која има сомнежи дека ангажиран да ја гради е Нефи Усеини. Но, што е со големите објекти и оние во рацете на моќни охриѓани.

Денеска во општина Охрид се руши првата дивоградба. Се очекуваа поголеми акции на стопанските објекти, но се почна од куќата на извесна Абдула Фетие за којашто властите во Охрид тврдат дека е можно да ја гради компанијата НЕФИ ИК во сопственост на советникот на ДУИ, Нефи Усеини. Сопственичката на плацот до овој момент не може да биде лоцирана од полицијата.

Станува збор за истата куќа за којашто на почетокот на месецов полицијата информираше дека ги привела работниците кои ја граделе со цел да дознаат кој е инвеститор во објектот.

Објектите кои предизвикаа најмногу реакции како бетонската база којашто НЕФИ ИК ја гради на земјиште на Исламската верска заедница и дивата тераса до чинарот, исто така во сопственост на Усеини, но и останатите тераси на крајбрежјето и плажите ќе почекаат за рушење бидејќи општината нема пари.

Минатата недела градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиевски се сретнал со министерката за финансии Нина Ангеловска и побарал финансиска помош. Исходот од ова не е познат. Општината и претходно се пожали дека централната власт и институциите не можат да се изземат од одговорност и мораат да постапуваат согласно нивните ингеренции.

Погледнете ја сторијата на ИРЛ за Нефи Усеини и дознајте повеќе за човекот којшто ги држи во страв институциите.

(ВИДЕО) Локален шериф: Нефи Усеини

Други приказни

Привилегирани ѕверки: Инспекциите и Шилегов се тресат пред моќниците од летната скопска шема

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »