Press "Enter" to skip to content

Случај „Рекет“: Јанева осудена на седум, Јовановски доби девет години затвор

Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување. Пресудата е првостепена и осудените имаат право на жалба до повисокиот суд – Апелација.

Истрагата за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ја отвори лани на 15 јули, кога беше уапсен Јовановски, кој од тогаш се наоѓа во притвор во затворот во Шутка. Катица Јанева, пак, стана осомничена на 21 август 2019. Таа помина неколку месеци во притвор, а од ноември минатата година се наоѓа во домашен притвор.

Читајте: Мистериозни анкети во функција на партиски информациски војни

Русковска го поднесе обвинението во октомври лани, а судскиот процес започна на 3 декември 2019. Со Јовановски и Јанева на обвинителка клупа седеше и Зоран Милески-Кичеец, обвинет за примање награда за противзаконито влијание, но само на првото рочиште бидејќи призна вина и веќе наредниот ден (4 декември 2019) доби затворска казна од три години.

Бојан Јовановски и неговиот адвокат во очекување на пресудата

Судот утврди дека обвинетите се виновни затоа што од ноември 2018 до април 2019 Јовановски со искористување на своето влијание врз Јанева, преку претходно воспоставено пријателство, влијаел да се извршат службени дејствија во случајот „Империја“ во кој обвинет е бизнисменот Јордан Камчев. За да му се олесни процесот на Камчев и одредената мерка притвор, Јовановски од бизнисменот зел награда од 1,5 милиони евра, додека Јанева прибавила имотна корист од 50.000 евра и мебел во вредност од скоро 5.000 евра.

Целиот случај околу аферата „Рекет“ траеше повеќе од една година. Се одржаа околу 36 рочишта, а искази дадоа 30 сведоци и изведени пред судот биле 270 материјални докази.

Поранешната прва обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на 15 јули 2019 година поднесе оставка од својата позицијата во СЈО пред објавување на аферата, а беше приведена на 21 август, по што и беше одреден притвор. На 14 септември Собранието ја разреши Јанева од функцијата во СЈО.

Јанева не присуствуваше на изрекувањето на пресудата од здравствени и лични причини. Во судницата беше сопругата на Јордан Камчев, Ана Камчева.

 

Последни истражувања

Поглед во планот на „Филип Морис“ да не убеди дека IQOS и HEETS се помалку штетни од обични цигари

Поврзани стории

 

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Репортажа од судницата: Сиромавиот милионер

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Репортажа од судницата: Сиромавиот милионер

Репортажа од судницата: Сè што не прочитавте за “Рекет” во морето од инстант вести

 

 

 

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »