Press "Enter" to skip to content

Поглед во планот на „Филип Морис“ да не убеди дека IQOS и HEETS се помалку штетни од обични цигари

Моден додаток. Медицински третман. Технолошки гаџет. Од неодамна дури и решение за досадата при карантинот кој се случи како последица на COVID-19.

Станува збор за уредот „IQOS”. Се изговара Аиј-кос. Најчесто е во црна метална боја. Целта му е да загрева тутун. Не било каков, туку оној од брендот HEETS, куси бели патрони со несогорлив тутун во прачки налик цигари. Функционираат само заедно, односно без уредот за загревање, IQOS, не можете поинаку да ги конзумирате HEETs. Ги произведува една од најголемите свески компании за тутун „Филип Морис Интернешнл“. 

Во секојдневниот говор корисниците повеќе го користат терминот HEETs цигари, но во кампањата на „Филип Морис“, ова се патрони. Уредот IQOS од компанијата се промовира како се’, освен како она што навистина е: уред за конзумирање тутун. 

Во македонскиот Закон за тутун и производи од тутун донесен мината година во мај овие два продукта за прв пат се регулираат. Во законот не се нарекуваат тутун за пушење, како традиционалните цигари, туку производи од несогорлив тутун. Ќе плаќаат помала акциза и за разлика од другите тутунски производи, овие не се опфатени во Законот за заштита од пушење. 

Истражувањето на ИРЛ во партнерство со членки од Меѓународниот проектот за известување за организиран криминал и корупција открива дека компанијата своите тврдења за помалку штетните и побезбедни ефекти на продуктите од несогорлив тутун ги базира на студии финансирани токму од „Филип Морис“. 

Известува од Македонија: Давид Илиески
Координација со партнери: Сашка Цветковска
Дополнително известување: Маја Јовановска
Илустрација: Елдин Пашовиќ

Уредничка забелешка: Ова истражување Истражувачката репортерска лабораторија го правеше во партнерство со медиуми и универзети во 10 држави, а во продукција на Меѓународниот проект за изестување за организиран криминал и корупција

Партнери: “Кваза публика” од Гватамала, Биро за истражувачко новинарство во Обединетото Кралство, Киев Пост од Украина, Рипорт РАИ3 од Италија, Аристегуи Нотикиас од Мексико, РИСЕ Романија, Куестион Публика од Колубмија, Васеда Хроникл – Јапонија. Универзитетот Бах од Англија – истражувачки партнер на набљудувачката мисија на тобако индустријата на организација СТОП.

Зголемената свест во последните децении за штетноста од пушењето цигари ја доведе тутунската индустрија во ќош и ја натера да признае дека цигарите предизвикуваат рак и други сериозни здравствени состојби. 

Во многу земји моќната индустрија е погодена од големи ограничувања. Меѓу нив најзагрижувачки се забраните за пушење на затворено и забраните за рекламирање. Ова е последица и на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC), меѓународен договор кој има за цел да ја намали побарувачката и понудата на тутун, а чијшто потписник е и Северна Македонија. 

Продорот на новите тутунски продукти веќе две години е видлив на сите континенти. Македонците две години патуваа во Србија, Бугарија и Грција само за да си купат HEETs, кои во земјава до скоро беа нерегулирани.

Во светло на новата бизнис стратегија на „Филип Морис“, не беше големо изненадување кога минатата година компанијата започна глобална кампања наречена „Unsmoke Your World“, повикувајќи ги пушачите да се откажат од цигарите. 

(Следува подолу) Како Филип Морис започнува да ги рекламира на IQOS уредите во Северна Македониија

„Општеството очекува да постапиме одговорно“, објавува на својата веб-страница. „И ние го правиме токму тоа со дизајнирање на иднина без чад“, ќе соопшти менаџментот на Филип Морис. 

Компанијата ја инвестира својата иднина во продажба на сосема поинаков начин на внесување на аеросолизиран никотин во белите дробови на своите клиенти: Комерцијален систем кој користи електрична енергија во внатрешноста на IQOS-уредот за загревање на стебленца од тутун на 350 °C, значително пониска од температурата на хартиена цигара запалена од пламен.

Реклама на Филип Морис за IQOS уред во Северна Македонија на официјалниот вебсајт

„Независни“ студии за „поздраво“ пушење

Производите на IQOS, кои се попрофитабилни по единица од цигарите, би можеле да генерираат приход од скоро 4 милијарди американски долари за „Филип Морис Интернешн“ само оваа година, проценува Легендре. За споредба, во 2016 година тие имале 0,7 милијарди долари приход. 

На најновиот состанок на акционерите на „Филип Морис Интернешнл“ на 6ти мај годинава, IQOS традиционалните цигари не беа ниту еднаш спомнати, вели Мишел Легендре од непрофитната организација Коорпоративна Отчесност која учествуваше како акционер. 

„Филип Морис“ вели дека за разлика од цигарите кои горат, цигарите кои работат на топлина произведуваат „во просек 90-95 проценти помалку“ токсични материи, што ги прави побезбедни за пушачите и за оние околу нив. Компанијата ги бомбардираше владите и јавноста со, како што тврди, „независни студии“ што ќе докажат дека користењето IQOS е поздраво од пушењето цигара. 

Но, мнозинството од студиите за здравствените ефекти на IQOS се финансирани од самите „Филип Морис“.

Најмалку 18 од 85 студии наведени на официјалната веб-страница на ФМИ се поврзани директно со компании од тутунската индустрија или автори чија научна работа е поврзана со специјалисти поврзани со ФМИ или нивната работа. Девет од студиите наведени на нивната страница се од автори кои се финансирани од фирмата „British American Tobacco”, конкурент на ФМИ, кој развива свој тутунски производ на топлина.

Според Ана Гилмор, професор на Универзитетот во Бат во Обединетото Кралство и истражувач на тутунската индустрија, постојат само неколку вистински независни анализи за безбедноста на IQOS и споредбата со обичните цигари.

Едната била спроведена од страна на Американската администрација за храна и лекови откако „Филип Морис“ ја започнува процедурата за продажба на IQOS во САД како „производ со намален ризик“. ФДА го отфрла тврдењето на ФМИ дека нивниот тутунски производ за загревање го намалува ризикот од болести поврзани со тутунот. Иако уредот може да произведе помали нивоа на некои токсини, ФДА соопштиле дека сè уште нема докази дека IQOS-от е поздрав на долг рок. Другата анализа доаѓа до истиот заклучок, но никогаш не била објавена. Сепак, партнерот на OCCRP во Италија, успеаа да пронајдат копија од извештајот. 

“Првата цигара што ја пробав е Ајкос”

„Филип Морис“ на пазарот не носи само нов производ, туку создава и трендови поради атрактивниот изглед на уредите IQOS. Се внимава и на изгледот на продавницата.

„Во внатрешноста користиме многу висококвалитетно дрво, пепел и орев“, изјави германскиот извршен директор на Филип Морис за новите бутици на IQOS во Минхен, Германија. Самите уреди не се помалку елегантни. Тие личат на квалитетни пенкала, со мат хром завршетоци и опции во боја во различни нијанси на накит, како и специјални ограничени изданија. 

Пример за такво издание е неодамнешна украинска верзија во аквамарин. („Една од најзначајните бои на пролет / лето 2020 година) сезона “, пишува на рекламата за IQOS во Космополит Украина, списание кое е многу популарно помеѓу тинејџерите низ светот. 

Трендовите не ги одминуваат ниту Македонците, особено тинејџерите. 

Мила, 31-годишна жителка на Скопје пуши цигари уште од 15 години.Почнала да пуши затоа што во тоа време „беше модерно и многу достапно“. 

„Ги поминав моите тинејџерски години во доцните деведесети години кога пушењето беше легално дури и во болниците“, вели Мила.

По 14 години пушење цигари, таа пред две години се префрли на нешто поразлично. За прв пат се запознава со продуктот IQOS на патување во Белград.

„Мој пријател ми кажа дека може да ми помогнат со зависноста“, објасни таа. Во нејзиниот случај тоа не се случува, но таа верува дека тие се поздрава опција од „традиционалните цигари“. 

„Најдоброто нешто е што можам да ги пушам во барови, ноќни клубови, на работа“, вели Тасевска и додава дека иако таа не верува дека тие се навистина здрави, можноста да пуши со пијалок во ноќен клуб е „одлична“.

Пред една деценија, македонската влада предводена од конзервативците воведе остри ограничувања на пушењето во јавност во земја горда на својот светски квалитетен тутун што го стави на својот национален амблем. Забраната за пушење на сите јавни места, работни простории, барови и ресторани беше воведена бргу и беше спроведена со силни институционални напори. 

„Ја разбираме традицијата, но здравјето на нашите деца е поважно. Забраната за пушење ќе доведе до намалување на пушењето кај малолетни лица “, оваа линија беше главното „мото“ за многу непопуларен закон од страна на поранешната администрација што воведе целосна забрана за пушење во 2008 година.

Тасевска е помеѓу едната третина од населението што пуши. Таа и огромното мнозинство Македонци во земјата сметаат дека забраната за пушење е „дискриминација врз пушачите“. Таа е среќна што има „замена“ што го олеснува животот на пушачите. Но, не е единствена.

Вероника имала 4 години кога започна забраната за пушење. Таа своето детството го поминала мислејќи дека пушењето е лошо. Таа никогаш не посетила ресторан со родителите каде пушењето било дозволено. Скоро почнала, она што таа самата го нарекува, „вид пушење“. 

„Тоа не е навистина цигара, не е вистинска, од она што го знам“, вели 16 годишната Вероника.

Нејзината прва цигара е производ од несогорлив тутун преку уредот на Филип Морис IQOS.

IQOS уредите на Вероника и сестра и

„Па, сите го пушат. Повеќето од моите соученици секако. Луѓе со кои се дружам. Знаете, на нас помладите не ни се допаѓа чадот. Мајка ми пуши, смрди. Ова е различно “. На прашањето како знае дека е различно, таа едноставно вели: „Па, тоа е, сите го знаат тоа. Разбирам дека сепак е цигара, но не е како старите“, одговара Вероника. 

Според десетици интервјуа со малолетни корисници спроведени од ИРЛ во Северна Македонија, она што го прави ова привлечно за тинејџерите е дизајнирањето на уредот IQOS. 

„Имам две. Еден црн, или да кажеме стандардната верзија, исто така имам и бел IQOS со зелено пенкало за цигарата, а мојата сестра има златно розев, што понекогаш и го позајмувам. Тие навистина изгледаат одлично. Некои од моите пријатели добија многу добри дизајни. Се надевам дека побрзо ќе почне да се продава и тука, затоа што до сега ги купувавме во Србија во големиот трговски центар на Књаз Михајлова. Но сега, откако започна пандемијата, тоа е невозможно.“, вели таа.

Мал црн пазар

Но, Мила и Вероника ги користеа уредите IQOS од „Филип Морис“ далеку подолго пред мај 2020 година, кога производите влегоа на македонскиот пазар. Тоа стана возможно по успешното гласање во Парламентот во мај 2019 година што го направи производството на тутун на топлина легално во новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродните производи. До пред неколку дена многу македонски корисници поминаа 2 години во шопинг во соседна Србија, Бугарија и Грција. 

Иван Тодоровски, Васка Христовска и Ерол Фехриу се пријатели и соседи. Тие објаснуваат колку било лесно да се дојде до IQOS и HEETS во Северна Македонија.

„Повеќе од една година ги купував овие цигари од Србија, понекогаш и од Грција. Има смо 25 минути возење од Скопје до српската граница. На првата бензинска пумпа можете да ги купите“, објаснува Иван.

Секоја недела, еден од тројцата пријатели имал задача да купи резерви на HEETS за сите Тројца.

„Еднаш носев 170 кутии. За нас, за другите пријатели, за мајка ми и тетка ми. Само ќе ги оставев на задното седиште и никој не ти поставува прашање “, вели Васка. „Но еднаш откако царинскиот полицаец на границата ме праша дали имам што да се пријавам, и секако дека ќе речеш не, тој го пребарал автомобилот и пронајде IQOS уред и можеби 60 кутии HEETS. Тој ме праша дали тие се за лична употреба и не му било јасно затоа што „гледал толку многу луѓе што возат преку границата за да ги купат, а тој не може да разбере што е тоа што им се допаѓа на луѓето“.

„Така беше, бев слободна да одам“, вели Васка.

Никогаш немале лошо искуство. Од други потрошувачи на IQOS во редакцијата на ИРЛ стигна дека цигарите ги набавуваат во различни продавници. Бевме упатени кон три мали продавници за тутун во Скопје. Кога пристигнавме, побаравме директно да купиме HEETS. Сопственикот на продавницата за тутун не погледна со двоумење и ни рече: „бидете потивки“.

„Чекајте ме овде да завршам со другите луѓе“, рече тој. Ги зеде нашите пари и ни рече да излеземе со него. Се приближи до моторчето и од седиштето ги извади трите пакувања за кои плативме и бевме слободни да одиме.

Репортерите на ИРЛ мапираа најмалку 5 популарни продавници за тутун кои тајно продавале HEETS. За IQOS, луѓето патувале дури 500 километри од Скојпје до Белград за да ги купат. Репортерите на ИРЛ, исто така, пронајдоа најмалку 20 огласи преку Интернет на најпопуларните страници со интернет огласи, како Пазар 3. 

СДСМ им излегле во пресрет на граѓаните кои морале нелегално да пазарат HEETs и IQOS

Кети Смилевска, пратеничка од редовите на СДСМ и еден од предлагачите на Законот за тутун и производи од тутун од мај 2019, како причина за регулирањето на производите од несогорлив тутун ги наведува маките на корисниците кои морале нелегално да ги набавуваат производите на „Филип Морис“ во соседните држави. 

“Со регулирањето им излеговме во пресрет на граѓаните кои коирстат или сакаат да користат вакви продукти, а со ова им помагаме и на компаниите кои произведуваат вакви производи”, вели Смилевска.

Средствата од овие акцизи одат директно во буџетот за Министерството за здравство, во фондот за лекување деца со ретки болести. Но, акцизата за производите од несогорлив тутун е далеку помала од онаа за тутунот за пушење. 

Паралелно со донесувањето на новиот Закон за тутун, тутунски производи и сродни производи, исто така во мај 2019 година, Собранието на Северна Македонија донесе измена на Законот за акцизи. Додавање на износот на акциза за новите производи, односно за производите од несогорлив тутун и течноста електронските цигари.

Акцизата за производи од тутун кој се згрева е 2.500 ден. за килограм нето тежина на мешавината на тутун и 0% од малопродажната цена на кутија цигари. 

Споредено со тутунските производи за пушење, односно традиционалните цигари кои плаќаат акциза од МКД 2.453 по парче и 9% од малопродажната цена по пакување.

Кети Смилевска за во разговорот со ИРЛ, не знаеше да објасни зошто акцизата за овие производи е помала, но вели дека барем сега се плаќа некаква акциза. 

„Барем со регулирање на производите за топлинска енергија се плаќа акциза отколку ништо. Не знам зошто е помал, можеби не треба да биде, но ние не одлучуваме за цената на даноците, ние едноставно гласаме за тоа “, вели Смилевска

Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи е донесен без ниту еден глас против. Сите пратеници на СДСМ и ДУИ гласаат за, додека оние од ВМРО-ДПМНЕ се воздражани. Пратеникот Влатко Ѓорчев не гласал. 

“Принципиелно не поддржувам никакво пушење од никаков вид тутун. Не знам како го нарекуваат, но тоа е пушење. Не гласав против, бидејќи тој закон опфаќа и друга материја која беше предмет на расправа”, вели конзервативецот Ѓорчев. 

Успешно тобако лоби за реклама на производи од тутун

На почетокот на јануари 2020 година, новинар од ИРЛ се регистрираше како дел од базата на корисници на IQOS во Северна Македонија. Пополнувајќи го своето име, адреса и мобилен број тој се пријави да биде дел од базата што, како што му беше кажано, ќе му даде некаков вид придобивки како корисник на IQOS.

Процес за регистрација во базата на IQOS корисниции во Северна Македонија на официјалниот вебсајт

Кон средината на јануари претставник на „Филип Морис“ го повика нашиот новинар да се сретнат. Во едно скопско кафуле, тој на средбата се појави со додатоци за IQOS. 

„Ова се подароци за учество во нашата база на корисници “, му рече тој на нашиот новинар. 

Услов за членство во дата базата е да се потпише согласност за прибирање и обработка на лични податоци, што им овозможува пристап и поддршка на клиентите 24 часа секој ден. Овие членови може да искористат и други бенефиции како замена за скршен уред или ситен подарок. 

Во овој период уредите за IQOS сè уште не се продаваа во државата и во краткиот разговор меѓу двајцата, претставникот на „Филип Морис“ објасни дека Северна Македонија е меѓу последните земји во регионот што ќе ги има овие производи на пазарот, но сега „откако веќе се донесени потребните закони, тие официјално ќе започнат со продажба на IQOS и HEETS околу април кога „Филип Морис“ ќе ги отвори продавниците на IQOS.“

Улични реклами на IQOS и билборди кои ги покажуваат линиите на изгледот на електронскиот уред станаа вообичаени глетки во земји како Романија и Јапонија кои се FCTC потписници и имаат закони против рекламирање на тутун 2021 година. Киосци и тезги украсени со логото на IQOS се честа појава во трговските центри, на универзитетите, во подземните станици, па дури и на железничките вагони – кои украсени со кампањата „Unsmoke“, патуваа илјадници километри околу Романија меѓу за време на јануари и февруари оваа година. 

IQOS спонзорира големи настани на места каде што треба да е нелегално да стои реклама за тутунски производ како концерти, спортски настани, а еден од нивните обиди со итрина да пенетрираат во италијанските медиуми заврши со казна од 500.000 евра за „Филип Морис“ изречена од италијанскиот државен орган надлежен за надзор на конкуренцијата. Имено, IQOS спонзорираше статии во списание за храна, „Готви и јади“, и организираше забава за лансирање на продутот со рецепти подготвени на прецизни температури, наводно инспирирани од технологијата „HeatControl“ на IQOS.

Промоции кои им даваат бесплатна пробна употреба на корисниците на IQOS-уред или примероци на HEETS, исто така се одвиваа низ целиот свет. ИРЛ и партнерите ги забележаа овие активности во Романија, Украина, Јапонија, Доминиканската Република, Гватемала, Германија, Велика Британија и Македонија. 

Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП во Северна Македонија, во интервју за порталот Фактор каде најави дека IQOS уредите ќе почнат да се продаваат „многу брзо“

“Кризен” ковид пиар

Кога започна кризата предизвикана од COVID-19 кон крајот на февруари, Северна Македонија ги затвори своите граници, спречувајќи ги корисниците на IQOS во земјата да да ги купуваат HEETS од соседните земји.

Кратко потоа, претставник од „Филип Морис Македонија“ повторно се јави на новинарот на ИРЛ, како дел од базата на податоци на IQOS, за да го извести дека заради кризата отварањето на IQOS продавниците во Северна Македонија ќе биде одложено, сепак „затоа што ние длабоко се грижиме за нашите клиенти кои веќе ја користат нашите уреди, сакаме да ве известиме дека во овој период ќе можете да купите само HEETS само во неколку специфични маркети“, објасни поддршката на клиентите на Филип Морис Македонија.

Можноста да имаат своја база на корисници е новина за тобако индустријата бидејќи за традиционалните цигари ова би влегло во рекламирање на производи од тутун. „Филип Морис“, пак, никаде не вели дека рекламира тутун и сиот свој пристап кон корисниците го темели на промоцијата на уредот, а не на самите патрони. По таа логика, уредот не е производ од тутун. Но самиот уред без производ од тутун нема друга функција. 

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров вели дека и да е така, има елементи на манипулативно рекламирање. 

„Чудно е да се рекламира, тоа е заведувачко рекламирање. -И покрај тоа што само уредот би се рекламирал? – Не е важно, асоцијата е таа – пушење”, вели Тодоров во разговор со ИРЛ.

Оваа сторијиа е дел од серијата истражувања, „Blowing unsmoke“, на Меѓународниот проектот за известување за организиран криминал и корупција и партнери

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.