Конгресот на Перу даде зелено светло за антикорупциските реформи на претседателот Мартин Вискара со глас за доверба, ослободувајќи ги тензиите откако тој се закани дека ќе го распушти законодавното тело ако гласот не успее.
Кога Вискара повторно ги претстави своите идеи за борба против корупцијата минатата недела, неговите иницијативи дојдоа со ултиматум. Уставот на Перу му овозможува на Претседателот да повика на нови избори во конгресот по два неуспешни гласови на доверба, од кои првиот беше во 2017, додека Вискара беше заменик-претседател.
Во април Вискара ги претстави политичките реформи на стотици страници, од кои повеќето се насочени кон дупки во законите или заобиколувања кои корумпираните политичари ги користат во своја полза. Меѓу реформите, кои се очекува да бидат во фокус на конгресот, се и отстранувањето на имунитетот за пратениците, промените во финансирањето на политичките кампањите и забраната за доаѓање на функцијата на оние кои претходно биле осудени за корупција.
“Итно е да ја спасиме нашата демократија од корупција. Итно е да се спречат луѓето кои се обвинети за кривични дела, да не претставуваат. Итно е да се промовира зајакнувањето на политичките партии “, рече премиерот Салвадор Дел Солар во знак на поддршка на Вискара за време на дебатата за доверба во вторникот.
Минатите четири претседатели на Перу беа инволвирани во скандалите поврзани со Одебрет, бразилска компанија која ги наполни џебовите на политичарите низ цела Латинска Америка и призна дека дала над 800 милиони долари мито во изминатата деценија.
Поранешните претседатели Кучински, Хулала, Гарсија и Толедо се обвинети за корупција во врска со скандалот: еден е во затвор, еден се соочува со екстрадиција, еден е во домашен притвор, а друг изврши самоубиство пред полицијата да го уапси.
Но, некои го сметаа потегот на Вискара како премногу драстичен, па дури и го нарекоа “државен удар”.
“Ние жалиме за придавките и имињата што Вискара ги користеше за Конгресот”, рече опозициониот законодавец Луз Салгадо, пишува Ројтерс.
Се чини дека Вискара не се грижи за интензитетот на дијалогот, велејќи дека реформите се она што неговата земја заслужува.
“Тие продолжуваат да поставуваат препреки, градат систем на неказнување и прават сé што можат за да го задржат Перу од напредок”, рече Вискара за време на говорот минатата недела. “Тоа е неприфатливо”.